Елејска школа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во Елеја, напреден град на западната страна од Јужна Италија, се формирал уште еден значаен филозофски центар. Нејзините претставници се антички рационалисти, кои ја сфатиле улогата на дедуктивното изведување и важноста на логичките закони и логичките средства во градењето на научните системи, особено на законите на идентитетот и противречноста.

Претставници на елејската школа се: Ксенофан, Парменид и Зенон.