Елена Петреска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елена Петреска
Родено имеЕлена Петреска
ПотеклоМакедонија
Жанр(ови)Поп
Занимање/њапејачка (алто)
Инструментипијано
Години на активност1999–се уште

Елена Петреска (роденa на 1 август 1980 година) - македонска поп-пејачка од Прилеп. Кариерата ја започнала со пеење на детски фестивали и продолжила со студиите на Музичката академија во Скопје. Во моментов работи на нејзиниот втор албум кој сè уште нема име.

Елена завршила на петтото место со 67 бода на Скопскиот фестивал 2007 (македонски избор на Евровизија) со песната „Пеам“. На црногорскиот фестивал, Будва 2007, Петреска го освоила деветтото место со песната „Кад Лептир Слети“ („Кога пеперутката слетува“).

Синглови[уреди | уреди извор]

  • „Симни ми ѕвезди“
  • „Не гледај назад“ - Прва награда од жирито и трета од публиката на фестивалот „Охридски трубадури“
  • „Маска“
  • „Река“ - трето место на фестивалот „Макфест
  • „Галебе“ - 1. место на ОхридФест (поп/рок вечер) 2006
  • „Пеам“ - 5-то место на националниот избор на Евросонг
  • „Кад Лептир Слети“ („Кога пеперутката слетува“) - 9-то место на Будва 2007
  • „НЛО“ - 2. место на ОхридФест (поп/рок вечер) 2007
  • „Дали си мој“

Албуми[уреди | уреди извор]

  • „Одам до крај“ - декември 2003 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]