Екраноплан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
А-90 Орлјонок

Екранопланот е возило кое одржува висина многу близу до површината на земјата. При тоа му помага џебот од воздух со висок притисок создаден од аеродинамичко пресретнување меѓу крилата и површината на земјата. Оваа појава се нарекува земјин ефект. Екранопланот преставува нешто помеѓу авион и ховеркрефт (hovercraft). Интернационалната Организација за Морепловство го смета екранопланот за брод. Екранопланот го користи земјиниот ефект за летање, па неговата висина зависи од должината на неговите крилја. Екранопланот денес се користи и за цивилни и за воени операции.

[уреди] Историја

Екранопланот потекнува од Советскиот Сојуз. СССР ги дизајнирале овие возила во 60-тите години од минатиот век. СССР дизајнирале повеќе видови екраноплани. Тие се покажале успешни па нивното понатамошно производство било одобрено од Никита Хрушчов, лидерот на СССР. Ова донело до развој на најбрзиот и најголемиот екраноплан изграден, т.н. Каспискиот Морски Монструм. Кога сателитите на САД внимавале на Каспиското море и го виделе екранопланот, биле изненадени од брзината и дизајнот на овие возила, бидејки тие воопшто не знаеле за нив.

Руската програма за екраноплани продолжила со серијата А-90 Орлјонок, кој тежел 125 тона. А-90 биле користени од страна на Советската Морнарица од 1979 до 1992. Во 1987, нов вид на екраноплан „Лун“ бил изграден. Тој служел како лансирач на ракети.

Овие возила развиени од СССР како многу брзи транспортни возила и ги пробувале на Каспиското море и Црното море. Имале способност да полетат со 544 тони товар. Тие биле одобрени од советскиот министер за одбрана Дмитри Устинов. Околу 120 екраноплани од класата А-90 требале да влезат во употреба во Морнарицата на СССР. Откако умрел Устинов во 1985, екранопланот бил изваден од употреба и само три биле направени од класата А-90.

[уреди] „Касписки Морски Монструм“ и „Лун“

Екранопланот „КМ“ т.н. Каспискиот Морски Монструм е најголемиот изграден екраноплан. Тој бил подолг од 100 метри, тежел околу 540 тони кога бил натоварен и можел да патува побрзо од 400 километри на час, неколку метри над површината на земјата.

„Лун“ бил сличен на Каспискиот Морски Монструм. Тој бил побрз и можел да подигне повеќе товар. Можел да равие брзина до 550 км/ч и можел да се подигне се 1000 тони тежина. Тој не бил долго време во употреба, влегол во 1987 година, при крајот на СССР.

[уреди] Надворешни врски

Ground effect vehicle From Wikipedia, the free encyclopedia

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици