Езел (ТВ серија)
| Езел (ТВ серија) | |
| Езел(ТВ Серија)-плакат.jpg | |
| Жанр | Акција, драма, криминален |
|---|---|
| Режирана од | Улуч Бајрактар |
| Настапуваат | Кенан Имирзиаоглу Чансу Дере Јигит Озшенер Бариш Фалај |
| Земја на потекло | Турција |
| Јазик | Турски |
| Број на епизоди | 51 |
| Продукција | |
| Времетраење | 90 минути |
| Емитување | |
| Период на прикажување | 28 септември 2009 |
|
|
|
Езел (турски Ezel) е турска серија. Серијата е снимана во Кипар и во Турција. Во главните улоги се Кенан Имирзалиоглу, Чансу Дере, Јигит Озшенер и Бариш Фалај.
Содржина [уреди]
Омер Учар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство ,но и на тројца пријатели кои ги познава уште од детството. Но и на Ченгиз се најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот , а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот .
По долгото останување во армијата , Омер се враќа дома воИстанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство . Меѓутоа, судбината му го смени патот – за време на неговото одсуство, неговите пријатели измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино, убивајќи еден чувар и оставајќи доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе работните и приватните кариери, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислуваше за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва,Омер е физички злоставуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз,неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо требаше итно да се оперира, а заедно со промената на лицето дојде и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен бизнисмен, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето, и еден успешен коцкар.
По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се освети.
Улоги [уреди]
| Актери | Ликови во серијата |
|---|---|
| Кенан Имирзалиоглу | Езел Бајрактар |
| Џансу Дере | Ејшан Тезџан Атај |
| Ипек Билгин | Мелиха Учар |
| Јигит Ошенер | Џенгиз Атај |
| Бариш Фалај | Али Киргиз |
| Тунцел Куртиз | Рамиз Караески |
| Салих Калијон | Сердар Тезџан |