Европски механизам за стабилност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Европскиот механизам за стабилност („ЕМС“) е постојана програма за финансиска помош која има за цел да постигне привремена финансиска стабилност и европски финансиски механизам за стабилност во 17-те земји-членки на Еврозоната. ЕМС ќе започне со работа веднаш штом земјите-членки кои претставуваат 90% од капиталните обврски ќе го ратификуваат, што се очекува да се случи во јули 2012.

Историја[уреди]

Следејќи ја европската суверена должничка криза која се случи при паричната помош на земјите-членки на ЕУ, имаше обид да се направат реформи во функционирањето на Еврозоната за време на криза. Меѓу другото, ова водеше до создавање на механизам за парична помош: Европска организација за финансиска стабилност (ЕОФС) и Европски механизам за финансиска стабилност (ЕМФС). Тие заедно со ММФ би им пружиле парична помош на земјите-членки на ЕУ кои имаат проблеми. Сепак, ЕОФС и ЕМФС беа замислени како привремена мерка (која ќе заврши во 2013г.), делумно поради недостатокот на правна основа во договорите на ЕУ.

Со цел да го реши проблемот, германската влада побара нов договорен амандман. По тешкото ратификување на Договорот од Лисабон, многу држави и државници се спротиставија на додавање нови договорни амандмани и британската влада се спротистави на промени кои би влијаеле на Обединетото кралство. Сепак, откако ја доби поддршката на францускиот претседател Николас Саркози, Германија во октомври 2010г. ја доби поддршката и на Европскиот совет за создавање на нов договор. Тоа ќе биде минимален амандман за да се зајакнат санкциите и да се создаде постојан механизам за финансиска помош. Тој нема да го исполни барањето на Германија да нема гласање како санкција, бидејќи тоа би довело до продлабочување на договорниот амандман. Договорот ќе биде направен така што нема да има потреба за референдум и ќе стапи на сила во јули 2012г. Тој ќе работи една година паралелно со привремениот механизам за парична помош,кој ќе заврши во 2013г. Претседателот на Европскиот совет ,Херман ван Ромпуј, ќе ги провери промените преку поедноставена ревизија.

На 16 декември 2010г. Европскиот совет се согласи на краток амандман (види подолу) во договорот, со кој ќе се избегне секаков референдум. Тој едноставно ќе ги смени договорите на ЕУ да дозволат да се воспостави постојан механизам. Во март следната година договорија посебен договор за Еврозоната кој ќе го направи самиот ЕМС.

Во март 2011г. , Европскиот парламент го одобри договорниот амандман откако доби гаранција дека Европската комисија место земјите-членки на ЕУ ќе игра ,,централна улога" во управувањето на ЕМС, иако сакаа тоа да се случи порано.

Основа на договорот[уреди]

На 16 декември Европскиот совет се согласи на краток амандман. Текстот е вметнат во член 136 од договорот за функционирање на Европската унија, како параграф 3. Амандманот гласи: ,, Земјите членки кои го користат еврото како основна валута може да основаат механизам за стабилност кој ако е неопходно ќе ја сочува стабилноста во сите областите каде се користи еврото. Доделувањето на секоја побарана финансиска помош во рамките на механизмот ќе биде предмет на строго условување."

Основање на договорот Европски механизам за стабилност[уреди]

Во прилог на амандманот, Европскиот механизам за стабилност ,земјите-членки на Еврозоната ќе го основаат со договор: Договор за основање на европски механизам за стабилност. Формално, два договори со ова име беа потпиешани на 11 јули 2011г. и 2 февруари 2012г. Втората верзија беше создадена за да го направи договорот со поголем ефект. Се очекува дека само верзијата од 2012г. ќе биде ратификувана со доволен број на земји-членки и ќе стапи на сила во јули 2012г.

Според овој договор, Европскиот механизам за стабилност ќе биде меѓувладина организација која ќе се води според јавниот меѓународен закон, а ќе биде лоцирана во Луксембург.Можноста да се приклучат и други членови ќе остане отворена, а ќе ја води советот на гувернери. Секоја земја ќе избере гувернер, а на чело на советот ќе биде или претседателот на Еврогрупата или пак ќе се избере некој од гувернерите.

Критика[уреди]

Некои од критичарите велат дека ЕМС строго го одделува економскиот суверенитет на земјите-членки и го критикуваат тоа што дава голема моќ и имунитет на советот на гувернери на ЕМС без влијание или контрола од страна на парламентот.

Германија[уреди]

Во Германија некои политичари од либералната партија ФДП и конзервативната баварска партија ЦСУ, кои се помали партии од моменталната владеачка коалиција, се против Европскиот механизам за стабилност.

Финска[уреди]

Двете опозициски партии, ,,Финнс" и ,,Центар Парти" се противат на ЕМС.

Франција[уреди]

Лефт Фронт и кандидатот за претседател на левицата, Жан Лук Меленшон,се противат на ЕМС.

Холандија[уреди]

,,Партијата за слобода" Герт Вилдерс се противи на секакво зголемување или систематизација на трансфери на пари од Холандија во други земји-членки на ЕУ преку сретства како ЕМС.

Словачка[уреди]

Втората најјака владеачка партија ,,Слобода и солидарност" е против Европскиот механизам за стабилност бидејќи не верува дека тој ќе им помогне да се заштитат земјите кои се наоѓаат во должничка криза.На 11 октомври 2011год. Националниот совет на Република Словачка го одби предлогот со 55 гласа за, 9 гласа против и 78 воздржани ,со што не се постигна потребниот кворум за да се одобри. Гласањето беше поврзано со глас на доверба и доведе до пад на владата.