Друштво на писатели Битолски книжевен круг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Друштвото на писатели Битолски книжевен круг е писателска асоцијација со седиште во Битола.

Друштвото било регистрирано на 21.02.2006 г., а основачи биле писатели кои живеат на подрачјето на Општина Битола.

Друштвото од 2011 година ја организира меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“ и ја доделува наградата Книжевен круг во категориите: проза, поезија и книжевна критика.[1]

Цели и задачи[уреди | уреди извор]

Основни цели и задачи на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг се:

● Да дејствува врз база на афинитетот и жанровската припадност во афирмација на литературното творештво и неговиот развој.

● Да остварува и развива соработка со ограноци и други писателски асоцијации.

● Да го стимулира уметничкото творештво на подрачјето во Општина Битола.

● Да ги поттикнува и стимулира литературните творци на теми значајни за ова подрачје.

● Да врши поширока презентација на творештвото.

● Да развива соработка со институциите од областа на литературата, културата и науката.

● Да организира литературни средби и предавања од областа на литературата, да иницира и организира промоции на нови книги.

● Да издава свои изданија и литературни дела, да доделува награди и признанија.

● Да соработува со образовните институции и да го поттикнува литературното творештво.

Членување[уреди | уреди извор]

Член на Друштвото може да биде секој писател од подрачјето на Битола кој е член на Друштвото на писатели на Македонија или во независни писатели , и кој ги прифаќа одредбите на Статутот и има желба и интерес да работи за остварување на целите и задачите на Друштвото.

Друштвото е организирано и дејствува на жанровски принцип. Друштвото е отворено за сите граѓани, асоцијации, организации и институции кои ја прифаќаат неговата Програма и Статут.

Раководство[уреди | уреди извор]

2019 - тековно: претседател Елизабета Јончиќ, секретар Никола Кочовски

2015 - 2018: претседател Зоран Пејковски, секретар Весна Мундишевска Велјановска

2011 - 2014: претседател Петре Димовски, секретар Кире Неделковски[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „МАНИФЕСТАЦИЈА 2020“. БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ. Архивирано од изворникот на 2022-06-18. Посетено на 2022-06-18.
  2. „За Нас“. БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ. Архивирано од изворникот на 2022-06-18. Посетено на 2022-06-18.