Дропка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Дропки се броевите што содржат еден или неколку еднакви делови од целото (единицата), се викаат дропки. Зборовите: половинка, четвртинка, третинка, петтинка, десеттинка, стотинка итн., при искажувањето на дропките ни покажуваат на колку еднакви делови е разделена единицата (целото), според тоа и нив можеме да ги изразиме со природните броеви: 2, 3, 4, 5, 6, . . . ,10, . . . , 100 итн. Според тоа, дропките ги искажуваме со помош на два броја, што при запишувањето ги разделуваме со една хоризонтална цртичка и тоа вака:

Бројот што стои под цртичката го викаме именител, а ни покажува на колку еднакви делови е разделена единицата, т.е., името на тие делови. Бројот пак, што стои над цртичката го викаме броител, а ни покажува колку такви делови сме земале, односно колку ги има во дропката. Хоризонталната цртичка, што го разделува броителот од именителот, се вика дробна црта. На пример, кај дропката:

\ \frac{5}{8} , бројот 5 е броител, а бројот 8 е именител.

Дропките, можат да имаат најразлични именители, т.е. за именител може да дојде кој и да било природен број, таквите дропки се викаат уште и обични дропки.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици