Дојди да го видиш рајот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Дојди да го видиш рајот“ (англиски: Come See the Paradise) — филм од 1990 година, во режија на Алан Паркер, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Денис Квејд (Dennis Quaid), Тамлин Томита (Tamlyn Tomita), Саб Шимоно (Sab Shimono), Шизуко Хоши (Shizuko Hoshi), Стен Еги (Stan Egi), Роналд Јамамото (Ronald Yamamoto), Акеми Нишино (Akemi Nishino), Наоми Накано (Naomi Nakano) и Бреди Цурутани (Brady Tsurutani). Филмот, кој бил со успех прикажан на Канскиот филмски фестивал, ја обработува една од најсрамните случки во поновата американска историја — затворањето во логори на американските граѓани со јапонско потекло.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1936 година, синдикалниот водач Џек Мекгурн (го игра Квејд) подметнува пожар во една кино-сала во Њујорк, а потоа се сели во Лос Анџелес во потрага по подобар живот. Таму се вработува како помошник на кино-операторот во една мала кино-сала во јапонскиот кварт, каде работи и младиот Јапонец, Чарли Кавамура (го игра Еги). Еден ден, Џек ја запознава убавата сестра на Чарли, Лили (ја игра Томита) и веднаш се вљубува во неа. Иако нејзиниот татко (го игра Шимоно) се противи, Лили и Џек започнуваат љубовна врска. Коаг дознаваат дека меѓурасните бракови се забранети, тие одат во Сиетл и таму се венчаваат. Набргу, Џек се вработува во фабриката за конзерви, а потоа им се раѓа ќерката Мини. Меѓутоа, соочен со кршењето на работничките права, Џек му се придружува на синдикатот, а со тоа ја загрозува иднината на своето семејство. Кога ќе започне Втората светска војна, Џек е мобилизиран, додека Лили, нејзините родители и сите роднини, како и малата Мини се затворени во еден логор во пустината...

Наводи[уреди | уреди извор]