Дона Барбара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Дона Барбара
250п
Лого на серијата
Жанр драма
теленовела
Создадена од Ромуло Гаљегос
Настапуваат Едит Гонзалес
Кристијан Меиер
Генесис Родигез
Марица Родригез
Земја на потекло САД / Колумбија
Јазик шпански
Број на епизоди 190
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Аурелио Варкарцел Карол
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Телемундо
Емитување 4 август 200822 мај 2009
Хронологија
Проследена од Диабло
Официјална Веб-страница

Дона Барбара (шпански јазик: Doña Bárbara) е колумбиска теленовела. Серијата во САД со прикажување започна на 4 август 2008 во ударниот термин. Серијата е адаптирана според истоимената книга од 20 век. Во главните улоги се појавуваат Едит Гонзалес и Кристијан Меиер.

Серијата кај нас се емитува на Сител телевизија.

Синопсис[уреди]

Барбара е млада и романтична девојка, одгледана среде џунглата од група венецуелски банди. Таа е лудо вљубена во нејзиниот свршеник Асдрубал, но една трагедија ќе и го одбележи животот засекогаш. Група бандити ја силуваат и го убиваат мажот кој толку го сакала. Од тој момент во неа се раѓа луда желба за одмазда кон мажите. По патот ја среќава Еустакија, една добра жена, која и помага да се помири со тоа и станува како нејзина мајка. Покрај лекувањето, омразата на Барбара кон мажите расте. Таа си ветува дека ќе им се одмазди и ги искористува само за лична сметка. Таа го заведува моќниот Лоренсо Бакеро и му ги краде сиот имот. Измачен, тој запаѓа во беда и алкохолизам. Од врската се раѓа ќерката – Марисела, која е принудена да живее заедно со измачениот татко, бидејќи г-ѓа Барбара не сака да биде мајка. Г-ѓата се претворува во многу богата жена, која управува со целиот регион и сите и се поклонуваат и се плашат од неа. Но, 15 години подоцна во месноста пристигнува Сантос Лисардо. Амбициозниот адвокат дошол од Каракас за да ја додели сопственоста на семејните земји. Тој наскоро открива, дека г-ѓа Барбара контролира со железната рака. Сантос решава да се бори, за да го спаси чичко му Лоренсо, и да ја образува младата Марисела. Барбара се вљубува во Сантос, додека тој се вљубува во ќерка и Марисела. Тоа ќе го направи дејството на љубовен триаголник, во која мајката и ќерката се борат за еден ист маж.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Едит Гонзалес Барбарита ‘Г-ѓа Барбара’ Гуаимаран
Кристијан Мејер Сантос Лисардо
Хенесис Родригез Марисела
Марица Родригез Асунсион
Хенкарлос Канела Асдурбал
Кети Барбери Сесилија
Арап Бетке Антонио Сандовал
Пауло Кеведо Балбино Паиба

Надворешни врски[уреди]