Добрета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Добрета
На престол577–579
ВероисповедПаганство

Добрета бил водач на Склавините во втората половина на 6 век.[1] Живеел на територијата на басенот на реката Зала, односно тоа е територијата на римската провинција Панонија Прима, во денешна Унгарија.[2]

Добрета е првиот словенски поглавар кој е запишан по име, и тоа од византискиот историчар Менандер Протектор, кој запишал дека аварскиот хан Бајан I испратил посланинк, кој побарал од Добрета и неговите Словени да ја прифатат власта од Аварите и да платат данок, бидејќи Аварите знаеле дека Словените натрупале големо богатство откако повеќепати ги ограбувале византиските провинции на Балканот. Добрета, наводно одговорил „Другите не ја освојуваат нашата земја, ние ја освојуваме нивната [...] така секогаш ќе биде за нас“.[3] Бајан тогаш, со помош од Византијците извршил воен поход против Добрета (во 578), и запалил многу од нивните населби, меѓутоа тоа не ги спречило словенските напади длабоко во Византиската империја.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Curta 2001, стр. 47, 91.
  2. Bacic, Jakov (1987). „Slav: the origin and meaning of the ethnonym“. Slovene Studies. 9 (1–2): 37.
  3. Curta 2001, стр. 47.
  4. Curta 2001, стр. 91–92.

Извори[уреди | уреди извор]