Дијабло

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Диабло
Жанр теленовела
Создадена од Химена Ромеро Лина Урибе
Настапуваат Хенкарлос Канела
Габи Еспино
Мигел Варони
Карла Монрој
Земја на потекло САД
Јазик шпански
Број на епизоди -
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Аурелио Валкарсел Карол
Времетраење -
Емитување
Канал на емитување Телемундо
Емитување 25 Мај 200912 Февруари 2010

Дијабло (шпански: Mas Sabe el Diablo) е американска теленовела од 2009-2010 година од Телемундо. Актерската екипа е составена од Хенкарлос Канела, Габи Еспино, Мигел Варони и Карла Монрој.

Синопсис[уреди]

Пред 20 години, младата слугинка Есперанса Салвадор, добива детеод синот на семејството на чиј мексикански имот таа работи. Семејството Асеро, поготово мајката Грациела, бременоста воопшто не ја одобрува, па ја носи Есперанса во клиника за абортуси. Девојката успева да побегне, добива виза и се сели во Мајами,за да може да биде поблиску до такото на детето, Мартин, кој живее во Њујорк. Доаѓањeто во големиот град, ќе и зададе нови проблеми посебно кога таа ќе биде нападната и ограбена,а на тие маки, таа го пораѓа Анхел.Години подоцна, њујоршките улици се втор дом за снаодливиот Анхел,кого сите во квартот го знаат како Ѓаволот. Заради своите вештини во крадењето, и покрај своето добро срце, тој станува член на криминалнотодруштво кои се специјализирани за големи кражби, со што подоцна ќе плати и со затворска казна. Така ја запознава адвокаткатаМануела Давила, атрактивна девојка која не ни помислува декасимпатичниот криминалец за чија слобода се бори, ќе и го смени животот.После излегувањето од затвор, Анхел е одлучен да започне нов живот, што подалеку од криминалот и кражбите, но дознава деканеговата мајка му е должна на Леон Белтран, шеф на бандата за којапред тоа работеше. Криминалецот и ги платил болничките трошкови наЕсперанса додека Анхел бил затворен, а единствен начин за враќањена долгот е повторно да биде дел во кражбата за време на еднадобротворна забава. На забавата, Анхел и Мануела повторно се среќаваат, а симпатиите од двете страни би можеле да влијаатврз нејзината одлука, дали да се омажи за Мартин или не, кој воедно е татко на Анхел.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Хенкарлос Канела Анхел Салвадор
Габи Еспино Мануела Давила
Мигел Варони Мартин Асеро
Карла Монрој Вирхинија Давила
Хорхе Луис Пила Џими Кардона
Хозе Гијермо Кортинес Освалдо Гера
Карлос Камачо Орарио Гарсија
Леонардо Даниел Анибал Давила
Анхелин Монкајо Марина Суарез
Мишел Варгас Перла Белтран
Ева Тамарго Аријана Давила