Димитар Поп-Георгиев (професор)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар Поп-Георгиев бил македонски и југословенски правник, публицист и унеиверзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Поп Георгиев е роден во Пехчево каде што завршил основно училиште. Гимназиското одбазование го стекнал во Штип, додека во Белград студирал на Правниот факултет. По дипломирањето се вработил во Јавното обвинителство на НР Македонија, a подоцна во Јавното обвинителство на ФНР Југославија. При основањето на Правно-економскиот факултет во Скопје, бил избран за асистент на граѓанско право. Поп Георгиев во 1951 година бил избран за доцент на Правниот Факултет во Скопје, во 1956 година за вонреден професор на истиот факултет, a во 1962 година и за редовен професор на Факултетот.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Во текот на својот работен век проф. д-р Димитар Поп Георгиев има објавено голем број научни и стручни трудови, меѓу кои позначајни се следните:

  • Турски документи за македонската историја 1800 - 1803, Скопје.
  • Прилог кон прашањето за формите на земјишна сопственост во Македонија, Скопје, 1952.
  • Право својина на чифлицима и чифлигарски правни односи у Прилепском срезу крајем XIX и почетком XX века, Београд, 1953.
  • Прилог кон прашањето за постанок на чифлигарскиот и аграрно - правен систем во Македонија, Скопје, 1954.
  • Прилог кон прашањето за карактерот на чифлигарскиот аграрен систем во Македонија во втората половина на XIX век.
  • Правни извори на чифлигарските аграрни односи во Македонија до Балканската војна,
  • Чифлигарските аграрно-правни односи во Македонија во времето на зрелиот чифлигарски аграрен систем (во втората половина на 19 век).
  • Законик за битољска села из 1851 година, Београд, 1954.
  • Својина на чифлицима и чифлигарско-аграрно-правни односи у Македонији до Балканског рата 1912 године, (докторска дисертација).
  • Правото на користење градежно земјиште во општествена сопственост, Скопје, 1954.
  • Право коришќења граѓевинског земљишта у друштвеној својини у ФНРЈ, Загреб, 1955.
  • Примена на леџ патриае при регулирањето на наследно-праваните односи со елемент на иностраноста во ФНРЈ, Скопје, 1955.
  • За општествената сопственост врз земјоделските земјишта во ФНРЈ, Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Годишник во чест на Димитар Поп-Георгиев, Правен Факултет, Скопје, 2006