Диме Стефаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диме Стефаноски
Роден 1906 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 20 ноември, 1943 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација.
Стрелан од страна на албанските балисти.
Националност Македонец

Диме Ангелев Стефаноски ( 1906 во Карбуница, Кичевско20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ за борците и активистите од Карбуница, меѓу кои е ѝ Диме Стефаноски.

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Веднаш по окупацијата, се определил за борба против окупаторот. Станал активен член на КПМ од почетокот на 1942 година. Учествувал во акциите против собирањето на спаилакот во селото, а во 1943 година непосредно раководел со еден магацин за оружје. Бил секретар на Реонскиот комитет и кога во ноември 1943 година бил фатен целиот Реонски комитет од селото, Диме бил стрелан заедно со своите другари.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 121.