Дечје Новине

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Издавач на книги

Зградата во која се наоѓаше детската редакција на детскиот весник од Горњи Милановац

Дечје Новине — поранешна издавачка куќа од Горен Милановац, позната како најголем издавач на стрипови во поранешна СФРЈ. Освен списанија и стрипови, издавала и книги, како и албуми со самолепливи сликички.

Историјат[уреди | уреди извор]

Основач на Дечје Новине бил Среќко Јовановиќ. Во својата прва фаза „Дечје Новине“ го претставувале неколку наставници, кои заедно со своите ученици на 11 декември 1956 година одлучиле, како воннаставна активност, да се занимаваат со издавање на училиштен весник, а на 12 јануари 1957 година го издале првиот број на весникот во 1.000 примероци. Првиот број на „Дечје новине“ излегол под наслов „Дечја Политика“. Дечје Новине своевремено спаѓале во редот на најголемите европски и светски издавачи за деца и млади. Имале скоро ексклузивно право за објавување стрипови од Волт Дизни во СФРЈ. Во осумдесеттите години од минатиот век, ИП „Дечје Новине“ биле еден од најголемите југословенски издавачи на книги и стрипови. За исклучителните напори на развивање пријателство и рамноправност помеѓу народите и народностите, претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито ги одликувал Дечје Новине со Орден на братство и единство со сребрен венец. Дечје Новине во својата историја биле добитници на уште околу 15.000 разни повелби, награди, дипломи и други признанија. Благодарејќи на „Дечје Новине“, Горен Милановац станал еден од најпознатите градови во тогашна Југославија.

Издавачката куќа доживува напредок и развој во осумдесеттите години на дваесеттиот век, за да, на почетокот на деведесеттите години, со избувнување на војната во СФРЈ и распадот на државата, пропаднала во потполност. Главни причини за пропаста се намалувањето на пазарот, хиперинфлацијата и несовесното водење на претпријатието. Стечајната агонија на Дечје Новине траела сè до почетокот на дваесет и првиот век, кога е распродаден преостанатиот имот за да се подмират бројните доверители.

Деловната кула на Дечје Новине (арх. Миодраг Дамњановиќ) после стечајот на претпријатието ја купила општина Горен Милановац и во неа денес се наоѓаат повеќе општински служби.

Најпознати изданија[уреди | уреди извор]

Дечје Новине (списание за учениците), Тик-Так, Зека, Екс алманах, Ју стрип (подоцна Ју стрип магазин), Гигант, Бисер стрип, Никад робом и Џубокс.

Поврзано[уреди | уреди извор]