Демократска унија на Албанците

Од Википедија — слободната енциклопедија
Демократска унија на Албанците
ВодачБардуљ Махмути
Основанајуни 2007
ШтабТетово, Република Македонија
Полит. положбаЗаштита на правата на Албанците во Македонија
Боицрвена, црна и жолта
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Демократска унија на Албанците (албански: Bashkimi Demokratik Shqiptar (BDSH)) — политичка партија на македонските Албанци во Република Македонија. Партијата била основана во јуни 2007 од страна на Бардуљ Махмути.

Учество на избори[уреди | уреди извор]

Партијата учествувала самостојно за првпат на парламентарните избори во 2008 година на кои освоила 6.484 гласови (0,6%)[1], а на следните избори забележала пад од околу 1.900 гласови, односно освоила 4.517 гласови (0,4%).[2] На двата парламентарни изборни циклуси партијата не успеала да освои пратеничко место.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Збирни резултати од гласањето на 1, 15 и 29 јуни 2008 година на ниво на ДРЖАВА[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија, 29,06.2008
  2. „Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2011 - Резултати“. Архивирано од изворникот на 2017-01-18. Посетено на 2017-06-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]