Грам-позитивни бактерии
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Грам-позитивните бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид се обојува со кристал-виолетови бои кои се користат при боењето по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (+).
[уреди] Клеточен ѕид
Грам-позитивниот клеточен ѕид се карактеризира со присуството на многу дебел пептидогликански слој кој е одговорен за задржувањето на кристал-виолетовите бои за време на процедурата на боење по Грам. Застапен е исклучиво кај организмите кои припаѓаат во групата на Actinobacteria (или високопроцентни G+C Грам-позитивни организми) и кај фирмикутите (или нископроцентни G+C Грам-позитивни организми). Бактериите во групата на Deinococcus-Thermus исто така можат да се изложат на Грам-позитивно боење, но тие содржат и некои структури на клеточниот ѕид кои се типични за Грам-негативните организми. Во Грам позитивниот клеточен ѕид се вметнати полиалкохоли наречени теихојни киселини, од кои некои се поврзани со липидите и градат липотеихојни киселини. Бидејќи липотеихојните киселини се ковалентно поврзани со липидите во рамките на цитомембраната, тие се одговорни за поврзувањето на пептидогликанот за цитомембраната. Теихојните киселини му даваат на Грам-позитивниот клеточен ѕид целокупно негативен полнеж поради присуството на фосфодиестерски врски помеѓу мономерите од теихојна киселина.
