Госпоѓата министерка (филм од 1958)
„Госпоѓата министерка“ (српски: Госпођа министарка) — српски и југословенски филм од 1958 година во режија на Жорж Шкргин. Главните улоги ги играат: Марица Поповиќ, Мија Алексиќ, Северин Бијелиќ, Дара Чалениќ, Милена Дапчевиќ, Бранко Ѓорѓевиќ и Јован Гец.[1]
Синопсис[уреди | уреди извор]
Откако станува министерка, Живка (ја игра Поповиќ) го менува дотогашниот начин на живот и се претвора во светска дама. Меѓутоа, нејзиниот раскош трае кратко, бидејќи мора да поднесе оставка поради скандалот што го предизвикува нејзиниот маж. На крајот од филмот, таа очајна гледа во министерскиот пајтон кој заминува на една страна, а таа се враќа на друга — во стариот живот.
Наводи[уреди | уреди извор]
Категории:
- Филмови на Жорж Шкргин
- Филмови со Марица Поповиќ
- Филмови со Мија Алексиќ
- Филмови со Северин Бијелиќ
- Филмови со Дара Чалениќ
- Филмови со Милена Дапчевиќ
- Филмови со Бранко Ѓорѓевиќ
- Филмови со Јован Гец
- Филмови од 1958 година
- Филмови на српски јазик
- Филмови засновани на драми
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмски комедии