Голтничен крајник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голтничен крајник

Голтничен крајник (латински: tonsilla pharyngea) кој се нарекува и трет крајник, фарингеален крајник или аденоид[1] — лимфоидно-епителен орган кој се наоѓа на горниот ѕид на носниот дел на голтникот. Најголемите димензии ги достигнува околу петтата или шестата година, а потоа постепено се намалува и целосно исчезнува околу 25-тата година. Кога е целосно развиен, има овална форма.[2] [3]

Фарингеалниот крајник е составен од голем број лимфни јазолчиња. Површината му е нерамна бидејќи е испресечена од т.н. крајнички јамички и крипти.

Во случај на патолошки промени, како што е зголемувањето на овој крајник, тој може да предизвика отежнато дишење или да влијае на развојот на носната шуплина, синусите, горната и долната вилица и евентуално градниот кош. Исто така, може да предизвика инфекции што може да се пренесат на дишните органи и средното уво преку Евстахиевата туба.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ВОЈВОЂАНСКО ЗДРАВЉЕ Крајници су први чувар здравља целог организма“. Интернет портал новосадског листа Дневник. Посетено на 2021-04-13.
  2. Славољуб В. Јовановић, Надежда А. Јеличић (2000). Анатомија човека – глава и врат. Београд: Савремена администрација. ISBN 978-86-387-0604-4.
  3. Славољуб В. Јовановић, Нева Л. Лотрић (1987). Дескриптивна и топографска анатомија човека. Београд, Загреб: Научна књига.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]