Голема ханска џамија

Координати: 44°44′55.22″N 33°52′55.06″E / 44.7486722° СГШ; 33.8819611° ИГД / 44.7486722; 33.8819611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема ханска џамија
Основни податоци
МестоБахчисарај
Координати44°44′55.22″N 33°52′55.06″E / 44.7486722° СГШ; 33.8819611° ИГД / 44.7486722; 33.8819611
Припадностислам
Обредсунизам
Територија Крим
ЗемјаКрим
СтатусActive
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилОсманлиска архитектура
Завршен1532
Особености
Минариња2
Висина на минарето28 метри
Материјали...

Големата ханска џамија (кримскотатарски: Büyük Han Cami) — џамија која се наоѓа во Ханскиот дворец во Бахчисарај, Крим.

Историја[уреди | уреди извор]

Големата ханска џамија е сместена на плоштадот во дворецот на исток од северната порта. Оваа е една од најголемите џамии во Крим и првата од објектите кои биле изградени во Ханскиот дворец[1]. Џамијата била изградена во 1532 година од Сахиб I Гирај, а од 17 век џамијата го носи неговото име[1].

Главниот влез во џамијата се наоѓа на страната на реката Чурук-Су. Фасадата од оваа страна претходно била обложена со мермер. Во близина на источниот ѕид на џамијата се наоѓа абдест (верско чистење кај муслиманите пред молитва) со шадрван (фонтана). На ѕидовите се прикажани неколку калиграфски натписи на арапски јазик (цитати од Куранот) кои биле изработени во XVIII век. Натписите се направени во црно со зелена позадина. Исто така, меѓу калиграфските натписи на ѕидот се споменува името на Кирим Гирај, кој ја реновирал џамијата.

Во џамијата постојат две минариња со истакнати покриви, крунисани со бронзени полумесечини. Висината на минарињата е 28 метри. Нагоре има камени спирални скали во внатрешноста на минарињата. Кулите на минарињата се изградени од камени плочи, прицврстени заедно со олово[2].

Во 1736 година џамијата била оштетена во пожар. Таа била повторно реновирена за време на владеењето на Селамет II Гирај. Во 1750-тите години Арслан Гирај основал медреса во дворот на џамијата, која не преживеала до денес. Во советската ера, џамијата била затворена. Горниот дел бил користен за изложба на музејскиот оддел за археологија, а во долниот дел - лапидариумот[3]. Денес џамијата е отворена за верниците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Олекса Гайворонский. Большая Ханская мечеть
  2. Юрий Данилевский. Бахчисарай — виртуальная экскурсия. Архивирано на 3 март 2017 г. Туристическая планета Крым.
  3. . Гарагуля. Бахчисарайский дворец Архивирано на 3 април 2019 г.