Гејрангер-фјорд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Западнонорвешки фјордови - Гејрангер-фјорд и Нереј-фјорд*
Светско наследство на УНЕСКО

Гејрангер-фјорд
Држава Знаме на Норвешка Норвешка
Тип Природно
Критериуми vii, viii
Навод 1195
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 2005  (29то заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Гејрангер-фјорд (Geirangerfjorden) е фјорд во областа Сунмере, сместен во најјужниот дел на округот Мер ог Румсдал во Норвешка. Ова е 15 km долг ракав на фјордот Стур-фјорд (Голем Фјорд). На завршетокот на фјордот се наоѓа селцето Гејрангер.

Овој фјорд е едно од најпосетуваните туристички места во Норвешка и од 2005 г. е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, заедно со фјордот Нереј-фјорд, иако овој статус се доведува во прашање со планиранираната изградба на далноводи.[1]

На Гејрангерфјорд постојано му се заканува планината Окернесет која е готова да одрони во фјордот. Ваквиот одрон би предизвикал цунами, кој за 10 минути би ги подогил блиските места како Гејрангер и Хелесилт.[2][3][4]

Покрај фјордот се расположени повеќе напуштени чифлизи. Some restoration has been made by the здружението „Пријатели на Стур-фјорд“ (Storfjordens venner). Најпосетени од нив се Скагефло, Книвсфло и Бломберг. До Скагефло се доаѓа и пешки од Гејрангер, додека другите се пристапни само со чамец. Во фјордот се наоѓаат и неколку забележителни водопади.

Во местото оперира и автомобилски траект кој воедно служи и како туристички брод. Тој плови долж фјордот помеѓу селата Гејрангер и Хелесилт.

Содржина

[уреди] Водопади

Најзначајни водопади Гејрангер-фјорд се т.н. „Седум Сестри и Додворувачот“. Двата водопада се наоѓаат еден наспроти друг, од кои едниот е „додворувачот“ кој изгледа како да им се додворува на сестрите.

Друг позабележителен водопад во фјордот е „Невестински Превез“, така наречен бидејќи изгледа како тенок превез врз карпите кога сонцето го грее одзади.

[уреди] Галерија

[уреди] Надворешни врски


62°07′N 6°59′E / 62.117°N 6.983°E / 62.117; 6.983

[уреди] Наводи

  1. Гејрангерфјорд може да го изгуби статусот на светско наследство, „Бергенс Тиденде“, 6 јули 2007 (проверено на 7 јули 2007) (норвешки)
  2. Гигантрас им се заканува на , „Афтенпостен“, 14 ноември 2004 (проверено на 7 јули 2007 (норвешки)
  3. Зголемен ризикот од лавини во Окернесет, forskning.no, 22 април, 2004, (проверено на 7 јули 2007 (норвешки)
  4. Анализа со високорезолутивен дигитален топографски модел за утврдување на опасноста од лизгања на земјиштето (Окернесет, Норвешка) (англиски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици