Гец фон Берлихинген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гравура на Гоц фон Берлихинген од 17 век

Готфрид „Гец“ фон Берлихинген (германски: Gottfried „Götz“ von Berlichingen zu Hornberg, о. 148023 јули 1562), исто така познат како Гец Железната Рака — германски (франконски) царски витез (рајхсритер), платеник и поет. Роден е околу 1480 г. во благородното семејство Берлихинген во денешен Баден-Виртемберг. Гец го купил замокот Хорнберг во 1517 година, и таму живеел до неговата смрт во 1562 година.

Бил активен во бројни воени походи во период од 47 години од 1498 до 1544, вклучувајќи ја и германската селанска војна, покрај бројните непријателства. Во својата автобиографија проценува дека се борел 15 пати против непријателски благородници во свое име, а во многу случаи им давал помош на своите пријатели, вклучувајќи ги и расправиите против градовите Келн, Улм, Аугсбург и Швабската лига, како и епископот на Бамберг .

Живот[уреди | уреди извор]

Втората железна протеза која ја носел Гец фон Берлихинген.
Оригиналниот оклоп кој го носел Гец фон Берлихинген, на изложба во музејот Хорнберг .

Во 1497 година, Берлихинген стапил во служба на Фридрих I, Маргроф на Бранденбург-Ансбах . Во 1498 година, тој се борел во армиите на светиот римски цар Максимилијан I, се борел во Бургундија, Лорена, Брабант и во Швабската војна следната година. До 1500 г., Берлихинген ја напуштил службата на Фридрих од Бранденбург и формирал компанија на платеници, продавајќи ги своите услуги на разни војводи, маргрофци и барони . [1]

Во 1504 година, Берлихинген и неговата наемничка војска се бореле за Алберт IV, војводата од Баварија . За време на опсадата на градот Ландшут, тој ја изгуби десната рака до лактот кога непријателски топ го погодил. Тој држејќи го својот меч не сакајќи си ја исекол раката. Тој направил две железни механички протези како замена за својата рака. Една од протезите имала можност да држи предмети како штит, ременот на коњ па дури и перо за пишување. Двете протези денеска се изложени во музејот на замокот Јагстаузен. И покрај повредата Берлихинген ги продолжил своите воени активности. Во следните години тој бил вмешан во бројни несогласувања меѓу благородниците.

Во 1512, во близина на градот Форххајм, поради долготрајната и горчлива расправија со Нирнберг, тој извршил рација на група нирнбершки трговци што се враќале од големиот саем во Лајпциг. Кога слушнал за тоа царот Максимилијан го осудил на смрт во Империјата. Тој платил 14.000 гулден за царот да ја тргне осудата против него. Во 1516 година, во расправија со Маинз и нејзиниот принц-архиепископ, Берлихинген и неговата компанија го нападнале Хесен, при што го заробил Филип IV, грофот на Валдек . Го ослободил со откуп за 8.400 гулден. Поради ова, тој повторно бил осуден на смрт во 1518 година. [1]

Во 1519 година, тој се пријавил во служба на Улрих, војводата на Виртемберг, кој бил во војна со Швабската лига. Тој се борел во одбраната на Мокмул, но подоцна бил принуден да го предаде градот, поради недостаток на храна и муниција. Прекршувајќи на условите по кои се предал, тој бил затворен и предаден на граѓаните на Хајлброн. Неговите колеги-витези Георг фон Френдсберг и Франц фон Сикенен успешно се договориле за негово ослободување во 1522 година, но само откако тој би платил откуп од 2.000 гулден и се заколнал да не се одмазди на Лигата. [1]

Во 1525 година, со избувнувањето на Германската селанска војна, Берлихинген ја водел бунтовничката војска во областа Оденвалд против принцовите на Светото Римско Царство. И покрај тоа, тој (според сопствената сметка) не бил жесток поддржувач на нивната кауза. Тој се согласил да ги води бунтовниците делумно затоа што немал друга опција, а делумно во обид да ги спречи ексцесите на бунтот. И покрај неговите желби да престане безобѕирното насилство, Берлихинген се нашол себеси немоќен да ги контролира бунтовниците и по еден месец тој ја напуштил својата команда и се вратил во замокот Јагстаузен за да не учествува понатаму во бунтот. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Chisholm 1911.