Георги Сталев Поповски
Од Википедија, слободната енциклопедија
Георги Сталев Поповски (Витолиште, Прилепско, 22 април 1930) е македонски поет, прозаист, драмски посател, научен работник, преведувач. Тој е доктор по филолошки науки и универзитетски професор.[1]
[уреди] Биографија
Сталев Поповски е роден е на 22 април 1930 година во селото Витолиште, Мариово, Прилепско. Филозофски факултет завршил во Скопје. Бил долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член е на ДПМ од 1956 година. Добитник е на наградите: „Климент Охридски“, „13 Ноември“ во 1981[2], „Златен венец“ на фестивалот МЕС-Сараево, Медал од Фондот на Лермонтов - Москва, „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“.
[уреди] Библиографија
- Смев на крвта (роман, 1960),
- Преглед на македонската литература од 19 век (1963),
- Гороломник пред својот крст (поезија, 1968),
- Македонскиот верс (студија, докторска дисертација, 1970),
- Зелени гранчиња лаври (роман за деца и млади, 1971),
- Болен Дојчин (драма во стихови, 1971),
- Ангелина (драма во стихови, 1972),
- Девет портрети од светската книжевност (1974),
- Приближувања I (есеи и огледи, 1974),
- Расколникот од Хетини-Џинот (драма во стихови, 1975),
- Самуил (драма во стихови, 1980),
- Приближувања II (есеи и огледи, 1983),
- Вториот Омир (поема, 1988),
- Бесоница (поема, 1993),
- Последните сто години македонска книжевност (студија, 1994),
- Едно можно читање на Рациновите „Бели мугри“ (студија, 1994),
- Јас Константин Македонијата (поезија, 1996),
- Маски (поезија, 1998)
- Мала антологија на француската поезија (1964),
- Антологија на француската поезија од нејзините почетоци до ХХ век (1977),
- Антологија македонске критике (на српски јазик, 1978),
- Мртвите не умреле во нас (антологија на руската поезија од 19 век, 2000).
[уреди] Наводи
- ↑ Republičkata zaednica na kulturata (2006). „Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja“ (54 издание). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ „Добитници на награди „13 Ноември““ (на македонски). Град Скопје. http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=537#1981. проверено на 2011-01-12.