Георги Гаргов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Гаргов
Роден Џигурово, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонец

Георги Гаргов (Роден во Џигурово, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил дел од илегалната чета на Герасим Тодоров скоро два месеца, поради што бил осуден на доживотен строг и темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (логорот Белене), поминал околу четиринаесет години.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Смилен Гаргов

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 58.