Генерација X

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Генерација X (Генерација икс) е поим со кој се означуваат луѓето родени во периодот од средината на шеесеттите до доцните седумдесетти години од минатиот век - по крајот на големото зголемување на наталитетот, таканаречениот беби бум.

Терминот генерација икс во светот се користи при различни демографски, социолошки истажувања, во истражувања поврзани со маркетинг стратегии, како и во популарната култура.

Индивидуите кои се сметаат за дел од оваа генерација се родени во доцните години од Студената војна, и се сведоци на падот на берлинскиот ѕид. Оваа генерација го има проживеано навлегувањето на компјутерите во секојденевниот живот, појавувањето на видеоигрите, на интернетот, како и начинот на кои тие нешта навлегуваат во сите области на животот. Појавувањето на MTV, гранџ музиката, хип хоп културата и на СИДА-та се поврзани со оваа генерација.

Во еконимијата некои студии покажуваат дека во овој случај не се потврдува правилото дека секоја следна генерација е подобра од претходната.[1] Една студија вели дека припадниците на оваа генерација заработуваат за околу 12% помалку од нивните татковици во 1974 година.[2]

Културни трендови во Генерацијата X[уреди]

Во текот на деведесеттите години од минатиот век оваа генерација стана полнолетна и со тоа на свој начин влијаеше врз развојот на популарната култура (гранџ и хип хоп музиката).

Литература[уреди]