Гасен термометар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Две варијанти на гасен термометар.

Гасен термометартермометар кој ја мери температурата со промена на волуменот или притисокот на гасот.[1]

Волуменски термометар[уреди | уреди извор]

Овој термометар функционира според Шарловиот закон односно, кога температурата на гасот се зголемува, се зголемува и волуменот.[2]

Со употреба на Шарловиот закон, температурата може да биде измерена со познавање на волуменот на гасот на одредена температура со помош на формулата напишана подолу. Овој термометар работи на истото начело како живините термометри.

е волумен,

е термодинамичка температура ,

е константа за системот.

не е фиксна константа низ сите системи и затоа треба да се најде експериментално за даден систем со познати температурни вредности.

Термометар за притисок и апсолутна нула[уреди | уреди извор]

Графикон на притисок во однос на температурата за три различни примероци на гас кои екстраполираат на апсолутна нула.

Гасниот термометар со постојан волумен има особено значајна улога во објаснувањето на тоа како апсолутната нула можела да биде откриена долго пред појавата на криогениката .Споед графикот на притисок во однос на температурата, направен блиску до стандардните услови (нешто над апсолутната нула) за три различни примероци од кој било идеален гас (a, b, c) , се забележува дека до степен до кој гасот е идеален, притисокот зависи линеарно од температурата, а екстраполацијата на нулти притисок се јавува при апсолутна нула.[3] Од графикот лесно се забележува дека податоците можат лесно да бидат собрани со три различни количини на ист гас, што го прави овој опит лесен за изведба и во 18 век.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „American Meteorological Society“.
  2. Fullick, P. (1994), Physics, Heinemann, стр. 141–42, ISBN 0-435-57078-1.
  3. Tipler, Paul; Mosca, G. (2008). „17.2: Gas thermometers and the absolute temperature scale“. Physics for Scientists and Engineers (6th. изд.). Freeman. ISBN 9781429201322.