Габрешки манастир

Координати: 42°0′0″N 21°51′36″E / 42.00000° СГШ; 21.86000° ИГД / 42.00000; 21.86000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Габрешки манастир
Влезната порта на манастирот
Информации
Целосно имеГабрешки манастир
Други имињаМанастир „Св. Петка“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан24 октомври 2004
Посветен наСвета Петка
ЕпархијаКумановско-осоговска
ЦрквиЦрква „Св. Петка Долна“
Црква „Св. Петка Горна“
Црква „Св. Недела“
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Личности
Основач (и)Стоја Велковска
Место
МестоГабреш, Општина Куманово Македонија Македонија
Координати42°0′0″N 21°51′36″E / 42.00000° СГШ; 21.86000° ИГД / 42.00000; 21.86000
Видливи остатоцичетири цркви, чешма, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Клечовска парохија)

Габрешки манастирманастир во северниот дел на Македонија, во селото Габреш.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат.[1]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат четири цркви, чешма, конаци, крстилница и помошни објекти.[2]

Црква „Св. Петка Долна“[уреди | уреди извор]

Црквата веројатно е изградена на местото на малата срушена селска црква, која била подигната по Првата светска војна.[1]

Црква „Св. Петка Горна“[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена на едно мало возвишение пред самиот манастир.

Црква „Св. Недела“[уреди | уреди извор]

Најновата црква во манастирскиот комплекс.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во манастирскиот двор, заедно со црквата „Св. Петка Долна“.

Конаци[уреди | уреди извор]

Манастирот поседува нови конаци.

Историја[уреди | уреди извор]

Според монографијата на манастирот, истиот постоел уште во XVI век.[3]

Изградбата на манастирот започнала на 24 октомври 2004 година од страна на Стоја Велковска, која добила благослов за изградбата на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.

Манастирот бил осветен на 24 април 2009 година од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 156.
  2. Георгиевска, Елена (16 април 2023). „Манастирски комплекс го врати животот во Габреш“. Македонска телевизија. Посетено на 17 ноември 2023.
  3. „Промовирана книгата за манастирот Света Петка“. KumanovoNews. Посетено на 2023-11-17.
  4. „Осветување на црква на света Петка во Габреш (кумановско)“. www.mpc.org.mk. Посетено на 2023-11-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]