Вувузела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвена пластична вувузела.
Црно-жолта пругасто исшарана вувузела.

Вувузелата е еден вид на труба или рог, со должина од околу 65 cm, која најчесто ја користат гледачите на фудбалските натпревари во Јужна Африка. Од тие причини вувузелата постанала симбол на фудбалската игра во оваа земја. Вувузелата произведува монотон звук сличен на рикање на слонови.[1]

Името на вувузелата најверојатно потекнува од зулу јазикот со значење „правење на вуву звук“, каде што вуву би било ономатопејски назив за звукот кој излегува од вувузелата. Друга можност е вуву да е сленг назив за туш, бидејќи на стадионите се користат голем број на вувузели кои ги „тушираат“ присутните со својот звук.[2]

Користењето на вувузелите е контроверзно. За време на ФИФА Купот на конфедерации во фудбал 2009 година во Јужна Африка вувузелите постанале карактеристичен декор на целиот настан (иако понекогаш се иритирачки за играчите[3]) па ФИФА одлучила да го допушти користењето на вувузелите за време на Светското првенство 2010[4]

Играчите, а посебно коментаторите, звукот на вувузелата го опишуваат како иритирачки и го споредуваат со „стампедо на бучни слонови“[5], со "заглушувачка наезда на скакулци"[6], со "звук на кози пред колење"[7], со "големо јато на бесни пчели"[8]...

Наводи[уреди]

  1. „V is for Vuvuzela“. FIFA. http://www.fifa.com/worldcup/destination/southafricafromatoz/letter=v/index.html. конс. 8 јуни 2010.  (англиски)
  2. „Vuvuzela: SA football's beautiful noise“. SouthAfrica.info. http://www.southafrica.info/2010/vuvuzela.htm. конс. 9 јуни 2010.  (англиски)
  3. Benedetto Ferrara (8 јуни 2010). „Friedrich contro le vuvuzela "Disturbano la concentrazione"“. la Repubblica.it. http://www.repubblica.it/speciali/mondiali/sudafrica2010/squadre/germania/2010/06/08/news/germania_vuvuzela-4674158/.  (италијански)
  4. Fifa gives Vuvuzelas thumbs up (англиски)
  5. The World Cup noise that annoys“, 4 јуни 2010 (конс. 11 јуни 2010). (англиски)
  6. Clarke, Liz. „World Cup ready to open in South Africa and vuvuzelas will make plenty of noise“, 6 јуни 2010 (конс. 11 јуни 2010). „several coaches and players called for its banning, saying the din made it impossible to communicate on the pitch. Others claimed the vuvuzela posed a health hazard, stood to overwhelm TV broadcasts and was annoying, to boot. Why play the beautiful game, detractors asked, amid such horrible noise?“
  7. Makhanya, Mondli. „Nothing kills the joy of soccer like a bunch of wailing vuvuzelas“, 30 мај 2010 (конс. 11 јуни 2010).
  8. Brunt, Stephen. „The happy chaos of Soccer City“, 11 јуни 2010 (конс. 11 јуни 2010). (англиски)

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]