Волф Тон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Теобалд Волф Тон, постхумно познат како Волф Тон (ирски: Bhulbh Teón;[1] 20 јуни 1763 година – 19 ноември 1798), бил еден од најистакнатите ирски револуционери и еден од основачките членови на друштвото Обединети Ирци во Белфаст и Даблин, републиканско друштво кое се залагало да стави крај на британското владеење во Ирска. Во текот на својата политичка кариера, Тон бил вклучен во многу воени ангажмани против британската морнарица. Бил активен во зближувањето на ирските католици и протестанти во Обединетата кауза и во барањето на француска помош за општо востание. Во ноември 1798 година, при неговиот втор обид со француска флота да се истовари во Ирска, бил заробен од британските поморски сили. Ирскиот бунт веќе бил задушен. Тон умрел пред закажаното погубување, веројатно, како што веруваат денешните историчари, од своја рака.

Следните генерации, Тон го сметаат за татко на ирскиот републиканизам. На неговиот гроб во Боденстаун (Килдер) се одржуваат комеморации секоја година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cartlann Téacsanna“. corpas.ria.ie. Архивирано од изворникот на 9 July 2021. Посетено на 9 јули 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]