Воден цвет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воден цвет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Еднодневки
Семејство: Ephemeridae
Род: Ephemera
Вид: E. vulgata
Научен назив
Ephemera vulgata
(Linnaeus, 1758)

Воден цвет (Ephemera vulgata) – нежен инсект со должина 17-19 mm. Возрасните единки се појавуваат масовно предвечер над површината на водата и живеат многу кратко. Масовно изумирање на овој вид во водите создава појава наречена „воден цвет“. [1]

Опис[уреди | уреди извор]

Водниот цвет се разликува од сличната Ephemera danica по својата побледа боја и помала големина. Крилјата имаат многу вени и секој сегмент на абдоменот има по еден пар црни пруги. [2]

Распостранетост[уреди | уреди извор]

Водниот цвет е рапостранет во повеќето на Европа. Најчесто се размножуваат во реки со бавен тек и мирни води како бари. Популацијата најверојатно се намалува бидејки од загадувањето на водите со пестициди и тешки метали, и дисориентацијата на возрасните поединки бидејки од светлосното загадување. [3]

Биологија[уреди | уреди извор]

Ларвите се закопуваат во седиментните подови на бари, користејки ги стомачните жабри за да создадат постојан тек на вода во нивните дупки, овозможувајки присуство на кислород за впивање низ кожата. Жабрите на ларвите исто така служат за полесно впивање на кислород во ниско-кислородното живеалиште каде се наоѓаат ларвите.[4] Седиментот во кој живеат е богат со органска материја, а тешки метали можат да се акумулираат во загадени живеалишта (на пр. кадмиум, бакар, олово и цинк). [5]

Ларва на воден цвет

На земјата, на отворените места или на дрвјата[6], мажјаците играат танц за женките[7] во утрото и вечерта во период од Јуни до Август.[6] Во периоди меѓу групирање, мажјаците се одмараат во вегетацијата.[6] Женките летајки во групата се оплодени од мажјак во групата.[8] Женката преку внесување на стомакот во водата ги положува јајцата. Овој вид на еднодневка најчесто има дво-годишен циклус, поминувајки го животот како ларви повеќето од тој период, постанувајки возрасни за мало време во летото. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска Енциклопедија - I издание“.
  2. 2,0 2,1 „Управна книга за обработувачи на мамци за мушици - водич за врзување на 20 битни шари за риболовеците (стр. 81)“.
  3. „Bioaccumulation of heavy metals by aquatic macro-invertebrates of different feeding guilds: a review“.
  4. „Функцијата на жабрите на ларвите на еднодневки од различни живеалишта“.
  5. „Концентрација на метали во разни стази на ларвите на четири Ephemeroptera видови“.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Групирање кај Ephemeroptera: механизмот на групирање и резултати на осветлувањето и времето“.
  7. „Тропски азиски потоци - Зообентос, Екологија и Консервација“.
  8. „Студии на биологијата на Ephemerоptera. II. „Љубовниот лет".