Еднодневки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еднодневки (водни цветови)
Период: Доцен Карбон - денес
Rhithrogena germanica
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Поткласа: Pterygota
Инфракласа: Palaeoptera (оспорено)
Надред: Ephemeropteroidea
Rohdendorf, 1968
Ред: Ephemeroptera
Hyatt & Arms, 1891
Подредови

Подред Schistonota
 Superfamily Baetoidea
   Siphlonuridae
   Baetidae
   Oniscigastridae
   Ameletopsidae
   Ametropodidae
 Superfamily Heptagenioidea
   Coloburiscidae
   Oligoneuriidae
   Isonychiidae
   Heptageniidae
 Superfamily Leptophlebioidea
   Leptophlebiidae
 Superfamily Ephemeroidea
   Behningiidae
   Potamanthidae
   Euthyplociidae
   Polymitarcydae
   Ephemeridae
   Palingeniidae
Подред Pannota
 Superfamily Ephemerelloidea
   Ephemerellidae
   Leptohyphidae
   Tricorythidae
 Superfamily Caenoidea
   Neoephemeridae
   Baetiscidae
   Caenidae
   Prosopistomatidae

Еднодневките (Ephemeroptera, од грчки ephemeros - краткотрајно, pteron - крило) се ред на надворешнокрилни инсекти чија ларва многу наликува на имагото. Тие поминуваат низ три животни етапи: јајце, ларва и возрасна единка. Еднодневките се единствени меѓу крилатите инсекти по тоа што имаат два возрасни стадиуми. Првиот е наречен субимаго и се создава од последната ларвена генерација, кој најчесто по 24 часа се преслекува во имагото.

Животен циклус и начин на живот[уреди]

Еднодневките се водни инсекти кои живеат во чисти слатки води за време на ларвалниот стадиум. Ларвите се адаптирале за водни средини, од бари па до планински потоци. Повеќето ефемероптерни ларви се хербивори и повеќето видови се присутни во текот на годината токму како ларви. Како незрели инсекти, тие се главна храна за карниворите од нивните заедници, во прв ред рибата пастрмка. Ларвите и возрасните единки се модели за бројни мимикрии.

Изглед на ларва од Ephemera vulgata.

Ларвите на еднодневките се разликуваат од сите останати инсекти по парните трахеални жабри на грбот на секој од првите седум абдоменални сегменти. Телото завршува со две или три фино сегментирани опашни делови. Усните делови, пак, се многу интересен пример за адаптација за гребење, сечење и раздробување на различните растителни клетки, кои се главната храна за овие инсекти.

Како подадулти, еднодневките ја имаат општата адултна (возрасна) форма, како и бескорисни усни делови (што значи дека како возрасни тие не се хранат). Телото е препокриено со тенок, крзнен и сивкав интегумент. Адултот има видливи крила, светкаво тело и неупотребливи усни делови; машките единки обично имаат екстремно големи очи кои може да се поделени, како и долги предни нозе. Имаго-стадиумот е краток и трае од неколку часа до неколку дена. Кај некои еднодневки, екстремитетите на женката, како и оние на мажјакот (освен предните нозе), се нефункционални, така што целиот свој живот имагото го поминува во лет. Се парат во лет, при што се забележува треперење на опашните делови (церци). Обично се забележуваат во големи роеви.