Внатрешна тракиска револуционерна организација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Устав на ВТРО од 1923 г., коj што има за цел: "Да добие политичка независност на Тракиja до реката Струма".

Внатрешната Тракиска Револуционерна Организациjа (ВТРО) била револуционерна организација основана во 1920 година со помошта на ВМРО и дејствувала до 1934 година. Тане Николов, бивш воjвода од Внатрешната македоно-одринска револуционерна организациjа станал лидер на ВТРО. Целите на организацијата биле добивање независност за Западна Тракија од Марица до реката Струма,[1] преку револуционерна борба. Бастионот на ВТРО бил во Хасково, каде биле и неjзните бази. Тие постепено го распуштале четничкиот институт, а во Западна Тракиja и Источна Македонија биле испраќани воглавно терористи. Се вршеле атентати на грчки офицери и администрација. Деветнаесеттомајскиот воен преврат во Бугарија во 1934 резултирал со распуштање на ВTРО, особено поради нејзините терористички кампањи и гантстерска власт која ја имале воспоставено во Хасковскиот, Смолјанскиот и Крџалискиот региони.

Извори[уреди]

  • Филчев, Иван Георгиев. Тракийският въпрос и тракийското движение в България. Акад. изд. Проф. Марин Дринов, 2007. (бг)

Белешки[уреди]

  1. Според тоа тие ги вклучувале источните делови на Македонија.