Владо Денчов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владо Денчов
Роден 14 септември 1955(1955-09-14)(68 г.)
Крива Паланка, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Македонски народни приказни
Вистинска љубов
Среќна Нова 1903
Занимање глумец

Владо Денчов (14 септември 1955, Крива Паланка) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Долги години беше режисер во Македонската Телевизија.

Во 1981 година Дипломира на Факултет за драмски уметности - Скопје на отсекот за актерска игра во класата на проф. Димитар Ќостаров. Истата година се вработува но Народен Театар Куманово. Во 1988 година заедно со Тихомир Стојановски го формираат театарот "Скрб и утеха". Од 1988 година до 2019 година е вработен во Македонската телевизија, како режисер на документарни филмови и емисии.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Денчов ги остварил следните филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1989-1993 Еурека ТВ-серија Прв Агент
1990 Северна грешка ТВ-филм Стојан
1990-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1991 Елелига пепелига ТВ-серија
1992 Тврдокорни ТВ-серија
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Пријателот на Полицаецот
2000 Погрешно време ТВ-серија
2006 Мост ТВ-филм Ѕидар
2008 Куќен совет ТВ-серија
2014 Среќна Нова 1903 ТВ-филм Митре
2016 Вистинска љубов ТВ-филм Таткото на Наде
2016-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија Мито
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда "Златната маслина" на фестивалот во Бар за филмот "Мишко"
  • Награда на фестивалот во Барселона за филмот "Бакни го сонцето"
  • Награда на интернационалниот фестивал во Охрид за филмот "Кокино"
  • Награда "Св. Јоакин Осоговски"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Vlado Dencov“. IMDb. Посетено на 04 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]