Викторијанска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Работа“ (1852-63) од Форд Мадокс Браун

За разлика од романтичарскиот период каде поезијата е преовладувачкиот жанр, за време на Викторијанците преовладува новелата. Во почетокот на Викторијанскиот период доминира писателот Чарлс Дикенс (1812-1870) кој со неговата прва новела објавена во 1863 и последната Нашите заеднички пријатели во 1864 досигнува голема слава. Вилијам Такреј (1811-1863) достигнува слава во 1848 со неговото дело Ванити Фер, и трите Бронте сестри, Шарлот (1816-55), Емили (1818-48) и Ани (1820-49) исто така објавуваат неколку книги во 1840та. Позната новела Блискиот марш на Георг Елиот (1819–80, додека Томас Харди (1840-1928), постанува познат новелист во доцниот период на владетелството на кралицата Викторија, чија новела Позади зеленото дрво, се издава во 1872 а неговата последна книга се издава во 1895 година, со насловот Нејасниот Јуда.

Роберт Бровинг (1812–89) и Алфред Тенисон (1809–92) беа најпознатите поети во Англија, но современите критичари ја преферираат позеијата на Томас Хардли, поет кој што целиот негов живот го посветил на пишувањето, но неговата прва збирка се објавува дури во 1898 година, исто како позеијата на Герард Манли Хопкинс (1844–89), која била објавена после неговата смирт во 1918 година.

Популарноста на театарот досигнува значаен пораст дури во подоцнежните декати од 19тиот век, каде поголемите дела биле создадени. Сетоа оваа популарност започнува со операта на Гилберт и Саливан (комедија) во 1870год, многубројни престави на Георг Бернард Шав(1856-1950) во 1890 год и Оскард Вајлд (1854-1900) со делото– Важноста да се биде чесен во 1895.

Писатели[уреди]

Чарлс Дикенс е најпознавиот Викторијански новелист. Со неговите живописни карактери достигнува неверојатна слава која и ден денес го следи како еден од најчитаните автори од неговото време. Неговиот прв роман,Пиквиковите Приказни (1836), напишан кога имал 25 години доживеал преку ноќен успех и сите понатамошни дела постигнале голема продажба. Комедијата во неговиот прв роман е пронижена со сатира која се проникнува низ сите негови останати дела. Дикенс работел трудољубиво и плодотворно за создаде интересни дела кои народот ги сакал, но исто така да даде коментар на општествените проблеми и маките на сиромашните и угнетените. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат Оливер Твист (1837-1838), Домбеј и неговиот син (1846-1848), Пуста Куќа (1852-1853), Големи Очекувања (1860-1861). Неверојатна попураност досигнуваат делата Малата Дорит (1855-1857), и Нашиот заеднички пријател (1864-1865). Неговите мрачни теми покажуваат ордеден тренд во литературниот разиток на 19тиот век.

Големиот ривал на Дикес во првата половина од владдењето на кралицата викторија е Вилијам Такереј. Со сличен стил, но малку повеќе одвоен, горчлив и бодликава сатиричен поглед на своите ликови, тој, исто како Дикенс покажал тенденција кон преставување на средната општествена класа. Тој е најдобро познат по неговиот роман Ванити Фер (1848), со поднаслов Роман без херој, кој е вистински пример за популарната литераурна форма во Викторијанската книжевност: историски роман во кој поновата историја е прикажана.

Сестрите Бронте пишувале фикција, доста невообичаен стил на пишување во тоа време.

Ане, Шарлот и Емили Бронте објавиле многубројни дела иако во времето на нивното издавање не биле доволно ценети од Викторијанските критичари. Оркански Височини(1847), единственото објавено дело на Емили е вистински пример за готска романтичарска гледна точка на една жената, која ги истражува класа, митот, и полот. Делото Џејн Еуре (1847) ,од Шарлот е уште една успешна новела што содржи готски елементи. Следното дело на Ане Закупецот на слата Вилдфел напишана во прилично реалистичен стил отколку романтичен, се смета за прв феминистички роман.[1]

Џорџ Елиот (Мери Ен Еванс), во 1860 година ја објавува книгата Мелницата на Флос, а во 1872 е креирано нејзиното најпознато дело Блискиот марш. Како сестрите Бронтес нејзините дела се објавени под прифатливиот машки псевдоним. Во подоцнежните декади на викторијанската ера Томас Харди постанува најпознат пистале. Под Греенвоод Дрвото (1872), , Далеку од безумната толпа (1874), Градоначалникот на Кастербриџ (1886), Тес на Слоновата Урбервилес (1891), и Јуда нејасниот (1895) се само неколку негови познати дела.

Други познати автори се Елизабет Гаскел(1810–1865),Антони Тролопе (1815–1882),Георг Мередит (1828-1909), и Георг Гисинг(1857-1903).

Стилска вредност на викторијанската новела[уреди]

Викторијанските новели имаат тендеција да опишуваат ликови со тежок животен пат, каде што напорната работа, истрајноста, љубовта и среќата на крајот ќе победат, доблеста ке биде наградена и негативците соодветно казнети. Книгите содржат прекрасни описи на природата како и важноста на срцето и неговата лекција за морал. Сепак оваа основна формула на многубројните почетни Викторијански книги, драстично се здобива со сосема различна форма според напредокот на векот и неговите промени.

Друга литература[уреди]

Детска литература[уреди]

Викторијанците се заслужни за потенцирање како и осмислувае на поимот детство, со цел да се воведе задолжително основно образование како и да се престане со злоупотребата на детскиот труд. Како што децата почнале да читаат така и литературата за млади лица доживеала неверојатен пораст, при што учествувале не само воспоставени писатели кои произведувале дела за деца (како што е Детската историја за минатот на Англија од Дикенс) но исто така се создава и нова група на автори комплетно посветени на децата.

Писатели како Левис Карол, Р.М. Балантајн и Ана Севел пишувало главно детска литература но имале и читатели од повозрасен ранг. Други автори како антони Хоуп и Робет Луис Стевенсон пишувале за повозразна публика но нивните авантуристички новели генерално се класифицираат како детска литература. Класиците како Том Браун . Други жанрови вклучуваат и поезија со детски карактер (на пример, Луис Керол). Училишните приказни на Томас Хјуз и Киплинг се класици.

Поезија и драма[уреди]

Поезијата преставува еден дел што ја спојува ерата на романтизмот со модерниот тек на литератирата на наредниот век.Популарноста на поетот Алфред Лорд Тенисин трае цели 40 години. Некои поети кои биле многу популарни како Вилијан Ернес Хенли денес се согледува како шовинисти, но поемата Нападот на Светлата Бригада на Тенисон подлегна на стоги критики, бидејќи тој како човек од високот општество сепак ја нападнал владата... Списанија како Пунч списанието и забава списанието изболивуаа со хумор, чии пишани материјали биле наменети кон добро образованата публика. Најпозната колекција од Викотријанските стипови се Лошите балади. Елизабет Барет Бровинг заедно со нејзиниот маж Роберт Бровинг ја обележале својата љубов со објавување на нежни и страствени песни. век Метју Арнолд и Жерар Хопкинс создале поезија чии елементи се поврзуваат со ромнтичарскиот период и со георгианската поезија од почетокот на 20тиот век. Сепак позеијата на Хопкинс била објавена дури во 1918 година. Делата на Арнолд содржат теми испирирани од стилското изразување на голем број познати поети додека Хопксин црпел инспирација од постари автори кои припаѓале на класичата страна енглеска поезија како Беовулф. Темите поврзани со минатот, митовите и историјата се голем дел од Викторијанската литераира, при што се појавува интерес и во класичната и во средновековната литература на Англија. Викторијанците обожавале приказни за познати кралеви, бестрашни херои, чија популарност ја опфаќала цела Англија. Најдобар пример за ова е книгата Песмата на Кралот од Алфред Тенисон, каде што неколку приказни за кралот артур од Томас Малори се споени и сплотени со својствени идеи и заклучоци.

Прерафаелитиското братство исто така го применувала митот и фолклорот како најзначајни елементи во нивнотот креирање, иако Данте Габриел Росети се согледува како најважен поет во братствово, сепак неговата сестра Кристина се порценува како најзначаен и најспособен поет.

Во драмата,спојот на музички бурлески, екстравагантности и комични опери заедно со сериозните дела на Шекспир, Џејмс Планше и Томас Вилијам Робертсон досига голема популарност меѓу народот.

Во 1855 година Германската Рид Entertainments започна процес на создавање музички театар кој ќе ги сочинува оперските дела на Гилберт и Силвијан при што ке биде проселдена со Едвардските музички комедии изведени во 1890та година. Првата престава која постигнува популарност од 500 последователни изведби е Лондон комедијата Нашите Момци од Х.Ј.Бурон, прв пат изведена во 1875. Неверојатниот рекор од 1,368 изведби е достигнат во 1892 со преставата Тетката на Чарли од Брандон Томас. После Гилберт, водечки поет и драматурд постанува Оскард Вајлд во доцниот викторијански период. Драмите на Вајлд содржат комплетно различен квалитет од тогашните понудени драми при што неговите драми содржат Едвардиски елементи што можат да се споредат со драмите на Георг Бернард Шав, чија кариера почнала во 1890та година. Ремек делото на Валјд, Важноста да се биде искрен, во 1895 година постанува една од најпопуларните престави кои содржат ироничен поглед кон аристократијата, но истовремено се одликува со духовитост и парадоксална мудрост. Преставата сеуште е популарна.

Наука, филозофија и откритија[уреди]

Викторијанскиот период е време на значаен развиток на науката а викторијанците имале мисија да го опишат и класифицираат целосниот свет на природата. Голем број на пишани материјали не можат да се согледат како литератира но една посебна книга достигнува голема популарност, Потеклото на видовите од Чарлс Дарвин. Теоријата за еволуцијата преставувала вистински шок за викторианците и нивниот поглед кон светот. Иако бил потребен долг временски период за да биле прифатена самава теорија , сепак тоа било проследено со драматочна промена во начинот на размслување и пишување.

Други важни дела на оваа ера се филозофските пишувања на Џон Суард Мил, опфаќувајку теми како логика, економија, слобода и утилитаризмот, како и пишувањата на Томас Карлул-Француската револуцока, историјата на херојството и нивното обожување, и Томас Бабингтом Макаулеј-Историјата на Англија од времето на Џејмс II.Голем број на книги кои сочинувале слободно изразено критично мислење за религијата сепак не биле објавувани во голем број, авотрите како Џон Хенри Нумен и Хенри Едвард Манинг посакале да создадат ревитализација на aнгликанството со враќање на Римокатоличката црква. Но со ширење на социализмот новите книги создале различна насока на размислување, Фридрих Енгелс и неговата книга Состојба на работничката класа во Англија и Вилијам Морис со неговиот социјалистички утописки роман Вести од никаде. Друга важен и неверојатно значителен пишан материјал што бил започнат во оваа ера е Оксфордскиот речник на англиски зборови, кој на крајот ќе стане најважниот историски речник на англискиот јазик.

=Пишување за природата[уреди]

Во Соединетите Американски држави, делата на Хенри Давид Торо и Сузан Фениморе Копер се првите натуралисти кои влијаеле на Викторијанската литература. Во Англија, Филип Гус и Сара Бовдич Ли се меѓу првите популарни натуралисти писатели во почетокот на Викотирјанската ера. Илустиратние Лондон Вести , основана во 1842 година, е првиот светски илустриранинеделник чии статии и илустрации се поврзани со природата, при што во втората половина на 19 век гоем број на книги, статии и илустрации опишувајќи ја природата постануваат неверојатно популарни меѓу јавноста.

Фантастични и натприродните елементи во литературата[уреди]

Првите примери на жанрот фантастиката фикција се Готските приказни кои биле особено популарни во Англија кон крајот на 19 век. Овие приказни често го опишуваат животниот пат на ликови како познатиот детектив Шерлок Холмс, Секстон Блејк, Филијас Фог, како и други измислени ликови, како Дракула, Едвард Хајд, невидливиот човек, и многу други... Готската литература е литературен жанр со комбинирани елементи на хорор и романса со цел да го возбудат и заплашат читателот. Овој жанр е исполнет со морничави сцени, мрачни заплети и таинствени случувања. Главни црти на готската фикција се теророт (и психолошки и физички), мистеријата, надприродното, духови, опседнати куќи и готска архитектура, чии основни ликови се тирани, вилани, бандити, манијаци, бајронови херои, прогонети жени, жени заводнички, врколаци, демони, ангели и многу други натприродни фигури.

Влијанието на Викторијанската литература[уреди]

Голем број на писатели од Америка, Канада, Нов Зелан и Британските колонии на Австралија билe под големо влијание од Бритаснката литература и често биле класифицирани како дел од Викторијанската литератира, иако тие постепено работеле кон својот сопствен развиток на пишување и изразување. Викторијанските писатели од Канда се Грант Ален, Сузана Моди и Катерин Пар Траил. Дел од Австалиската литература пипаѓаат големите поети Адам Линсеј Гордон и Бањо Патетсон кој ја напишал Танцувачката Матилда, а во литературата на Нов Зеланд се вклучени Тома Бракен и Фредњерик Едвард Манин.

Големите великнати на САД во тое време се познатите: Емили Дикинсон, Ралф Валдо Емерсон, Натаниел Хоторн, Оливер Вендел Холмс, Хенри Џејмс, Херман Мелвил, Хариет Стов, Хенри Дејвид Торо , Марк Твен и Валт Витман. Проблемот со класификацијата на Викторијанската книжевност се содржи во разликата помеѓу почетниот период на овој литературен правец и со многу бројни дела кои биле издадени во подоцнежниот период чии литературни елементи се поврзуваат со Едвардскиот период . Писатели како што се Артур Конан Доил, Рајдар Киплинг, Х.Џ. Велс, Брам Стокер, Рајдер Хагард, Џером К. Џером и Јосиф Конрад ги креирале нивните значајни дела за време на владеењето на кралицата Викторија, но сензибилитетот на нивното пишување често се согледува како дел од Едвардскиот период.

Познати писатели од Викторијанскиот период[уреди]

  1. „Introduction and Notes for The Tenant of Wildfell Hall“. Penguin Books. 1996. ISBN 978-0-14-043474-3.