Викитекст

Од Википедија — слободната енциклопедија
За форматирање на текст во однос на Википедија, погледајте Помош:Викитекст.
Викитекст - примена на Википедија

Викитекст или вики-означување (англ. wiki markup) е лесен јазик за означување кој се користи за пишување на страници на викија, како на пр. Википедија, и претставува упростена алтернатива/посредна варијанта на HTML. Крајната цел е да биде претворен од википрограмот во HTML, што потоа му се служи на прелистувачот.

Не постои општоприфатен стандард за викитекст. Граматиката, составот, поставеноста, клучните зборови и др. зависат од конкретниот википрограм што се користи на тоа мрежно место. На приемер, сите јазици за викитекст имаат прост начин на поставување хиперврски до други страници на викито, но постојат неколку други синтаксни решенија за овие врски. Многу викија, особено постарите, користеле CamelCase за означување на зборови што треба автоматски да се поврзат некаде. Кај МедијаВики оваа практика е заменета со бележењето [[…]], кое на Википедија се нарекува „слободни врски“ (free links).[1]

Различни википрограми користат различни збирови HTML-елементи во нивниот викитекст. Во некои случаи поединечните викија мижат да прилагодуваат свои HTML-елкементи. МедијаВики поддржува голем број распространети HTML-ознаки.

Стандардизација[уреди | уреди извор]

Creole е викијазик за означување кој има за цел да биде „заеднички викитекст за примена на различни викија“.[2] Постојат неколку википогони што користат Creole.[3] Верзијата 1.0 на техничките одлики е издадена во јули 2007.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Википедија:Слободни врски“. Википедија, слободна енциклопедија. Посетено на 8 август 2008. (англиски)
  2. „WikiCreole: Почетна“. Wikicreole.org. Посетено на 26 ноември 2008. (англиски)
  3. „WikiCreole: Погони“. Wikicreole.org. Архивирано од изворникот на 2012-05-03. Посетено на 26 ноември 2008. (англиски)
  4. „WikiCreole: Creole 1.0“. Wikicreole.org. Архивирано од изворникот на 2012-05-03. Посетено на 26 ноември 2008. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikibooks
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: