Јазик за означување
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Јазикот за означување врши комбинирање на текстот со некои дополнителни информации поврзани со текстот. Дополнителните информации, пример структурата на текстот и начинот на негова презентација, се изразува со помош на означувачи/маркери, кои се вметнати во примарниот текст. Најпознат jазик за означување во современа употреба е HTML (HyperText Markup Language). Историски гледано означувањето било користено (и сѐ уште се користи) во издаваштвото во процесот на комуникација помеѓу авторите, издавачите и печатарите.
Јазиците за означување често се поделени во три класи: презентациони, процедурални и описни.
