Википедија:Превметнување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кратенки:
ВП:ПВ
ВП:ТРАНС

Превметнувањето (или трансклузија од англ. transclusion) е вметнување на содржини од еден документ во друг со упат. Во контекст на Википедија, ова подразбира употреба на шаблонската функција на МедијаВики за поставување на една иста содржина во повеќе документи без да треба да се уредуваат засебно. Превметнување на шаблони е чест начин на употреба на шаблонски пораки, и се применува со помош на шаблонска ознака од следниов облик:

{{Назив на шаблонот}}

Понекогаш се јавува потреба од користење на шаблон, но од извесни причини не е пожелно превметнување. Автоматското еднократно копирање на код/текст н шаблонот до местото на шаблонската ознака се нарекува замена на шаблони (англ. subclusion, од substitution + transclusion). За замена на код/текст на еден шаблон, треба да се измени шаблонската ознака од нејзиниот стандарден облик како ознака за превметнување во облик на ознака за замена, и сето тоа просто со додавање на subst:, така создавајќи ознака од обликот:

{{subst:Назив на шаблонот}}

Како работи превметнувањето[уреди]

Transclusion-simple.png

За да превметнете било која изворна страница (во рамките на еден проект на МедијаВики, како да речеме mk:Википедија), ставете го следниов код во целната страница:

{{НЕКОЈАСТРАНИЦА}}

Секаде кајшто се прикажува целната страница A со овој код, погонот ќе го вклучи на тоа место не самиот код, туку сета содржина на изворната страница B, НЕКОЈАСТРАНИЦА.

Transclusion-multiple-foo.png
Transclusion-multiple-twit.png

На пример, можеби сакате да поставите страница за добредојде на Страницата за разговор на секој новодојденец. Превметнувањето прави „жива“ врска помеѓу шаблонската страница и целната-страница/ци на која треба да се појави пораката. Кога ќе се уреди шаблонот, сите целни страници исто така биваат уредени.

На пример, создавате (шаблонска) страница во Википедија со вашата домашна адреса и потоа тој шаблон го вклучувате не само во вашата страница, туку и на страниците на сите ваши пријатели. Подоцна, откако сте се преселиле во друга куќа, го подновувате шаблонот со адреса и новата адреса автоматски ќе се појави на страниците на сите ваши пријатели.


Делумно превметнување[уреди]

Користејќи ги ознаките „noinclude“, „onlyinclude“ и „includeonly“, може да се превметне дел од страница наместо целата. Ова може да се постигне и со превметнување од други страници како потстраници. Напати се јавува потреба да не се превметнат некои информации, како на пр. шаблонска документација.

За пример за примена на оваа техника со цел да се упрости создавањето на статии за резимирање, погледајте ја оваа ревизија на статијата „Pathology“, која се состои од збир превметнати воведни параграфи од неколку главни статии.

Ознаки[уреди]

Поврзано: Помош:Шаблон#Noinclude, includeonly и onlyinclude и Помош:Категорија#Категории и шаблони

Постојат три пара ознаки што може да се користат во викитекст за контрола врз начинот на кој превметнувањето делува врз елементите на еден шаблон или статија. Со нив се одредува дали викитекстот ќе се прикаже, во своја статија („тука“), или во друга статија кајшто ќе биде превметнат („таму“).

  • <noinclude> оваа содржина нема да се прикаже таму </noinclude> . Овие ознаки немаат ефект тука.
  • <includeonly> оваа содржина ќе се прикаже само таму, а нема да се прикаже тука </includeonly> (како невидливо мастило, станува видлива по пат на превметнување).
  • <onlyinclude> оваа содржина ќе се прикаже тука и ќе се прикаже таму </onlyinclude> но остатокот од статијата ќе биде изземен од прикажување таму.

Постојат неколку такви елементи на оддели. Тие исто така може да се вгнездуваат. Изводливи се сите можни прикази. На пример, за приказ таму еден или повеќе оддели од страницата тука користат ознаки <onlyinclude>. За да ставите дополнување на текст тука, додатокот означете го со <includeonly> над, во или под одделот. За да изоставите делови од одделот, вгнездете ги во него ознаките <noinclude>.

Како потсетник, ставете го изразот in transclusion помеѓу двата збора за да добиете „noInTransclusionInclude“, „includeInTransclusionOnly“ и „onlyInTransclusionInclude“.

Потстраници[уреди]

Текстот за превметнување во потстраница може да се прекопира, а потоа да се употреби називот на потстраницата во шаблонот на превметнувањето. Овој приод важи само за потстраници на страниците од видот Корисник, разговор и Википедија. Засега потстраниците не можат да се создаваат од главни страници на статии.

Пример: сакате да го продискутирате бришењето и пренасочувањето на Титов Велес во Велес. Прво создавате потстраница Разговор:Титов Велес/Ајде да го избришеме Титов Велес!, таму го пишувате вашиот коментар, па потоа ја превметнувате во Разговор:Титов Велес и во Разговор:Велес користејќи го шаблонот {{Разговор:Титов Велес/Ајде да го избришеме Титов Велес!}}. Коментарите на било која од двете страници ќе се прикажуваат на обете.

Специјални страници[уреди]

Поврзано: Википедија:Специјални страници

Извесни страници на Специјални:СпецијалниСтраници можат да се превметнуваат, како на пр. Специјални:СитеСтраници, Специјални:ИндексНаПрефикси, Специјални:НовиСлики, Специјални:НовиСтраници, Специјални:СкорешниПромени и Специјални:ПоврзаниПромени.

Примери:

  • {{Специјални:СитеСтраници/Голем}} – список на страници што почнуваат со „Голем“
  • {{Специјални:ИндексНаПрефикси/Голем}} – список на страници со префиксот „Голем“
  • {{Специјални:НовиСлики/4}} – галерија од четирите најскоро подигнати податотеки
  • {{Специјални:НовиСтраници/5}} – список на петте најново-создадени страници
  • {{Специјални:СкорешниПромени/5}} – петте најнови промени
  • {{Специјални:ПоврзаниПромени/Голем}} – скорешни промени на страниците што водат од „Голем“

Освен Специјални:ПоврзаниПромени, косата црта и зборот/бројот по неа може да се изостави, и со тоа да се добие список на страници без конкретна појдовна точка, или пак список со големина зададена по основно.

Страници поврзани со превметнување на МедијаВики[уреди]

Шаблони[уреди]

Поврзано[уреди]