Википедија:Кориснички кутии
Корисничка кутија (скратено само КК) е мала обоена кутија дизајнирана да се појави на корисничката страница на википедијанците како забелешка за корисникот. Корисничките кутии обично користат еден или два графички симбола или слики и краток текст. Понекогаш може да содржат вики-врски или вики-код кој го сместува корисникот во некоја категорија.
Корисничките кутии најчесто се создаваат како шаблони и се превметнати во корисничките страници, иако е можно нивниот код директно да биде заменет во страниците (без повикување преку шаблони или превметнување). Корисничките кутии не смеат да се користат во статии.
Првите кориснички кутии беа запознаени за поддршка на Вавилон меѓујазичниот проект, за да ги индицира знаењата на корисниците на други јазици.
Содржина |
[уреди] Општи правила
- Корисничките кутии се со слободна содржина и израз на корисникот. Темелот на Википедија е принципот на неутралност, но корисниците го имаат правото на менување на своите страници по сопствено мислење, со единствено ограничување кон навредливи, нецивилизирани, незаконски, провокативни содржини или содржини кои ги кршат авторските права, ја ограничуваат слободата или ја посрамотуваат Википедија на непромислен начин.
- Шаблоните кои се создадени за користење во корисничкиот именски простор се ограничени на оние кои придонесуваат во процесот на создавање на енциклопедијата, или се доволно општи и се користени од поголем број на корисници. Тие се создавааат во именскиот простор Шаблон и се однесуваат на јазик, други способности и вештини, специјалност, стручност, интереси или припадности на проекти. Пожелно е да се избегнуваат кориснички кутии кои искажуваат или поддржуваат лични ставови на поединци (со што вики се користи за средство за изразување на политичко определување, вера, вкусови, теми од поединечни интереси и сл. Местото на таквите кутии без исклучоци е во корисничкиот именски простор.
[уреди] Групирање на кориснички кутии
[уреди] Користејќи го ККПочеток шаблонот
|
Пример 1
|
Слично на Вавилон кутијата, овде има кутија која ги групира корисничките шаблони заедно. Само направете листа на сите кориснички кутии користејќи {{ККПочеток|име на кутијата}} на врвот, проследено со листа на кориснички кутии и ставете {{КККрај}} на дното. На пример, кутијата десно е создадена преку следнава листа:
{{ККПочеток|Пример 1}}
{{Корисник Македонија}}
{{Корисник:Brainmachine/Кориснички кутии/зодијак_овен}}
{{Корисник Машко}}
{{КККрај}}
[уреди] Користејќи го Вавилон системот на групирање
Слични резултати можат да се добијат со следново:
{| style="float: right; margin-left: 1em; margin-bottom: 0.5em; border: #99B3FF solid 1px"
|-
| style="text-align: center" | '''Пример 1'''
{{Корисник Македонија}}
{{Корисник:Brainmachine/Кориснички кутии/зодијак_овен}}
{{Корисник Женско}}
|}
[уреди] Користејќи табели
Трета алтернатива е да ги ставите корисничките кутии во табела. На пример:
- {| style="margin: 1em auto 1em auto"
- | {{Корисник Линкин Парк}} {{Корисник html-1}}
- |-
- | {{Корисник 80ти}} {{Корисник:Brainmachine/Кориснички кутии/заљубен}}
- |}
ќе го создаде следново:
|
||||
|
[уреди] Галерија
|
||||||||||||||||||||||
[уреди] Види исто така
[уреди] Надворешни врски
- The Super-Simple Userbox Maker - Надворешна алатка за лесно градење на кориснички кутии. (англиски)