Википедија:Избрана статија/2014/20

Од Википедија — слободната енциклопедија
Две тела со различни маси орбитираат околу тежиште
Две тела со различни маси орбитираат околу тежиште

Орбитагравитациски закривената патека на телото околу точка во просторот, на пример орбитата на планета околу центарот на ѕвездениот систем, како што е Сончевиот Систем. Орбитите на планетите се најчесто елиптични. Моменталното познавање на механиката на орбиталното движење се заснова на Ајнштајновата општа теорија на релативитетот, која се занимава со гравитацијата како последица од закривеноста на време-просторот, со орбити кој се во согласност со геодезијата. За полесни пресметки релативноста се најчесто се претсметува приближно преку силата во теоријата за сеопфатна гравитација заснована на Кеплеровите закони за планетарните движења.

Историски, привидните движења на планетите, се објаснети орвично геометриски (во отсуство на гравитацијата како сила) преку епициклуси, кои пак се збир од најразлични кружни движења. Теориите од овој вид ги предвидуваат доста добро патеките на на планетите, сè додека Јоханес Кеплер не докажа дека движењата на планетите по патеките се одвива (приближно) елиптично.

Во геоцентричниот модел на Сончевиот Систем, се користел моделот на небесните сфери за да се објасни привидното движење на планетите на небесниот свод како цовршени сфери или прстени, но подоцна се утврди со поточни мерења дека планетарните движења, се додадени теориски механизми како што се деференти и епицикли. Иако со овој модел можела да се предвиди точната положба на планетите , потребата за додавање на сè повеќе и повеќе епицикли,со што моделот станува непрактичен за употреба. (Дознајте повеќе...)