Википедија:Викисредба (15 јануари 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Википедијанците, понекогаш одлучуваат да се соберат заедно во вистинскиот живот, да се видат и да помуабет меѓусебно. Ова е прилика за дружење, разговор на најразлични теми, запознавање со своите „колеги“ и размена на искуства и знаења.

Повеќе информации за средбата и организација на истата може да добиете со испраќање на е-порака на некоја од е-поштенските листи: vikipedijaatlists.softver.org.mk, wikmedia-mkatlists.wikimedia.org или wikimk-latlists.wikimedia.org или на нашите facebook и twitter профили.


Викисредби
2024

2023

2022

2020

2019

2018

2017

2014
XLIII  • XLIV

2013
XXXVIII  • XXXIX  • XL  • XLI  • XLII

2012
XXV  • XXVI  • XXVII  • XXVIII  • XXIX  • XXX  • XXXI  • XXXII  • XXXIII  • XXXIV  • XXXV • XXXV • XXXV  • XXXVI  • XXXVII

2011
XXI  • XXII • XXII  • XXIII  • XXIV  • XXV

2010
XVI  • XVII  • XVIII  • XIX  • XX

2009
IV  • V  • VI  • VII  • VIII  • IX  • X  • XI  • XII  • XIII  • XIV • XIV  • XV

2008
III • III

2007

2006
Кратенки:
ВП:СРЕДБИ
ВП:IRL

mini mini mini

Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на Вики-средбата по повод 12 години Википедија:

  • Датум: 15 јануари 2013 година.
  • Време: 18:00 ч.
  • Место: СП Планет, Ѓорче Петров, Скопје (карта)

Потврдено присуство[уреди извор]

  1. --brest (разговор) 22:08, 8 јануари 2013 (CET)[одговори]
  2. --Kiril Simeonovski (разговор) 14:06, 11 јануари 2013 (CET) Коментар Мене не ми претставува проблем да присуствувам на средбата, па макар што истата е закажана да се одржи и во населбата Ѓорче Петров, но не знам колку е добар моментот да ја направиме промената баш на денот на роденденот на Википедија, имајќи предвид дека планираме да поканиме и гости од некои други организации како што беше случај изминатите две години. Освен тоа, како што знам СП Планет претставува трговски центар и претпоставувам дека во него има повеќе локали каде што би можело да се одржи средбата. Ќе може ли да се посочи каде точно ќе се одржи средбата? Во случај да имаме план да поканиме и други гости, мора да се знае точно местото на одржување на средбата.[одговори]
    Коментар  Поканата овде важи за сите. Доколку користиш други канали за комуникација (facebook, twitter) тогаш веќе е време да ја постираш поканата, а не е лошо и на оваа страница да наведеш врска до таму. --brest (разговор) 16:14, 11 јануари 2013 (CET)[одговори]
  3. --Ehrlich91 (разговор) 15:55, 11 јануари 2013 (CET) Коментар  Јас исто така ќе присуствувам, што би се рекло на 50 метри од дома ми се наоѓа. Додека што се однесува за прашањето на Кирил, да ти одговорам: станува збор за склоп на продавници во СП Планет и само еден кафе-бар, кој се наоѓа на најгорниот кат, мислам дека се викаше „Наполеон“, ама не ме држете за збор. Местото е интересно, добар поглед се пружа кон градот и населбата. Можеме да се чекаме пред самиот трговски, па потоа заедно да отидеме до горе во кафулето, не мора секој посебно да доаѓа, па да се случи да се изгуби.[одговори]
    Коментар  Благодарам за објаснувањето. Никогаш не сум бил внатре, па затоа и бев малку љубопитен.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:06, 11 јануари 2013 (CET)[одговори]
  4. --Вик Ретлхед (разговор) 22:44, 11 јануари 2013 (CET) Коментар  Само да прашам дали стигна апликацијата, и дали ќе биде разгледана на средбава?[одговори]
    Коментар  Разгледана е апликацијата. Прочитај е-пошта @ymail. Или види тука. Поз. --brest (разговор) 23:42, 11 јануари 2013 (CET)[одговори]

Дискусија[уреди извор]

  • Мислам дека натпреварот може да го гледаме на местото на одржување на средбата. Не верувам дека ракометот нешто премногу ќе смени, особено што сега веќе е премногу доцна за некое одложување.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:48, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]
  • Има ли телевизор во кафе барот? А што правиме ако и други да дошле да гледаат натпревар во кафе барот, па да нема доволно слободни маси за нас? :)

--brest (разговор) 11:11, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]

  • Не знам дали има телевизор во кафе-барот, бидејќи не сум јас организатор на средбата. Моето мислење за средбата е изнесено во мојот коментар погоре, а сега сметам дека ќе биде најкорисно да се закаже маса ако сè уште има време за тоа.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 11:14, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]
  • Тони е најблиску, може да не најави и да се распраша. Две поголеми маси ќе бидат доволни или потребни ни се повеќе? BTW јас ќе идам со кола од НМ до СП па ако има некој заинтересиран за превоз нека пише да се договориме.--brest (разговор) 11:20, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]
  • Па тогаш некаде околу 17.15 - 17.30 да се најдеме на паркинг кај НМ. Ако успееме да тргнеме порано можеби ќе најдеме доволно слободно место ако во меѓувреме Тони не направи ништо. На пресот овој пат, кој ќе даде изјава, со оглед на тоа што нашиот ПР не е најавен дека ќе присуствува на настанот? --brest (разговор) 11:36, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]
  • Мене ми одговара на паркингот кај Нова Македонија некаде околу 17:30. Инаку, не ми е јасно за каков прес станува збор? Претпоставувам дека Цобе е премнгоу зафатен со работа и поради тоа не е пријавен да присуствува, но сепак нема да биде лошо доколку некој се чуе со него.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:13, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]
  • OK. Јави се кога ќе пристигнеш на паркинг. Незнам Вик што планира за превоз, ако не чита нека се пријави. На медиумите ќе треба да им се даде некоја информација по повод роденденот на Википедија. Очигледно flavsvr е зафатен, треба да обезбедиме бекап за секој случај. Имам најава дека ќе дојде новинарска екипа вечерва на настанот.--brest (разговор) 14:00, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]
  • Сега ја видов пораката. Ќе дојдам со автобус, веројатно ќе бидам таму нешто пред закажаниот термин.--Вик Ретлхед (разговор) 14:40, 15 јануари 2013 (CET)[одговори]

Присутни[уреди извор]

Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:

  1. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  2. Brest (разговор придонеси)
  3. Вик Ретлхед (разговор придонеси)
  4. Ehrlich91 (разговор придонеси)

Извештај од средбата[уреди извор]

Првата Вики средба во 2013 год. ја одржавме на нова локација, во СП Планет, населба Ѓорче Петров. Први на средбата пристигнаа Димче и Кирил, а јас дојдов со мало задоцнување. Формалниот дел го започнавме со доаѓањето на Тони, кој инаку живее во близина на местото каде се состанавме. Најпрво присутните ми го честитаа приемот во Викимедија Македонија, а потоа преминавме на дискусија за работите кои ни претстојат. Накусо ги дефиниравме целите и очекувањата од соработката која нѐ очекува со нашите украински колеги.

Освен за тој проект, разговаравме и за работата на терен која нѐ очекува за оваа година. Намерата ни беше повеќе да се фокусираме на средните училишта, каде планираме да предложиме основање на вики-секции, чија задача би била вклучување во активностите на Википедија. Според Тони, најдобро време за реализација на оваа замисла би било месец септември, бидејќи тогаш учениците имаат повеќе слободно време и би можеле целосно да се посветат на работата. Освен ова, се зборуваше и за организирање на помасовни Вики средби, каде би било пожелно да земат учество и останатите Википедијанци.

Преостанатото време од средбата го поминавме дебатирајќи на теми поврзани со најновите геополитички и економски случувања. Доста занимлива беше дискусијата за правото да се поседува оружје, која деновиве е актуелна во САД. Разменивме мислења и по некои лингвистички прашања, од кои најинтересно ми се виде она за застапеноста на архаичните македонски зборови во современото општество и нивната практична употреба во секојдневниот говор.

Сублимирано во една реченица, средбата мина во прилично релаксирана атмосфера. Ја завршивме нешто по 21 часот, кога четворицата си замивме од таму. Димче се понуди мене и Кирил да нѐ превезе со автомобил, додека Тони пешки си замина дома.--Вик Ретлхед (разговор) 22:50, 17 јануари 2013 (CET)[одговори]

Следна вики-средба[уреди извор]

Утврдено е следната Вики средба да биде одржана на истото место кон крајот на месец февруари, како би се сумирал успехот од проектот Недела на македонско-украинска соработка.--Вик Ретлхед (разговор) 20:28, 17 јануари 2013 (CET)[одговори]



Викисредби низ светот
Африка: Александрија • Кејптаун
Америка: Бостон • Далас/Фортнорт • DC • Јута • Калгари • Конектикат • Лос Анџелес • Мајами • Минеаполис • Монтреал • Њујорк • Остин • Отава • Питсбург • Провиденс • Сан Франциско • Сиетл • Торонто • Филаделфија • Феникс
Азија: Бангалор • Дака • Манила • Себу • Сингапур • Тајнан • Тајпеј • Техеран • Токио • Џакарта • Шангај
Европа: Босна и Херцеговина • Бугарија • Велика Британија (Лондон) • Данска • Германија • Единбург • Ирска • Лион • Македонија • Норвешка • Србија • Хрватска • Чешка • Шведска
Океанија: Аделаида • Бризбејн • Канбера • Мелбурн • Њукасл • Окленд • Перт • Сиднеј