Венера-9
Венера-9 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Била лансирана на 8 јуни 1975 година.
Содржина |
[уреди] Текот на мисијата
Одсек за слетување се одвоил на 20 октомври 1975 и влегол атмосферата на Венера. Орбиталниот дел бил користен како комуникационо реле за капсулата за слетување и нејзината врска со Земјата.
Капсулата за слетување покрај вообичаените инструменти имала и ултравиолетов фотометар од 3500 ангстроми, француско производство, 4000-7000 ангстроми фото-полариметар, инфрацрвен спектрометар 1500-3000 нанометри, и инфрацрвен радиометар со опсег од 3-30 микрометри. Орбиталниот дел го носел магнетометарот и делот за наелектризираните честички.
За време на слетувањето, отстранувањето на топлината и запирањето било било вршени по степени, прво со заштитна метална школка за исфрлање, потоа со 3 падобрани, со аеродинамична кочница во облик на диск и на крајот со комресиран дел за приземјување во облик на прстен на дното на одсекот.
Делот за слетување ги потврдил претходните мерења на апаратот од Венера-8, и направил првите црно-бели снимки од површината на Венера. Биле детектиране хидрохлорична и хидрофлуорична киселина, бром и јод. Облаците биле измерени со дебелина од 30-40 km, со дно на околу 30-35 km висина.
[уреди] Основни подацтои за летот
- Датум на лансирање: 8 јуни, 1975 година.
- Ракета носач:
- Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур
- Маса на сателитот (kg): 2300
[уреди] Галерија
[уреди] Видете уште
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Венера-9“ |
[уреди] Кориштена литература
- NASA каталог на космички летала, орбиталниот дел
- NASA каталог на космички летала, делот за слетување
| Сателити од серијата „Венера“ |
| Венера-1 • Венера-2 • Венера-3 • Венера-4 • Венера-5 • Венера-6 • Венера-7 • Венера-8 • Венера-9 • Венера-10 • Венера-11 • Венера-12 • Венера-13 • Венера-14 • Венера-15 • Венера-16 |