Велигденски обичаи - осветување на пасха

Од Википедија — слободната енциклопедија

Велигденски обичаи - осветување на пасха (русински пошвецаня паски) / (украински посвячення паски; посвячення великоднього кошика), е традиционален обичај на Русините и Украинците во Војводина и претставува синтеза на традиционалната семејна прослава на празникот Велигден.[1] Велигденски обичаи - празнувањето на Велигден е на списокот на нематеријално културно наследство на Србија од 2021 година под инвентар број 52.[2]

Празнување на Велигден[уреди | уреди извор]

Верниците од русинската и украинската грчко-католичка црква во Војводина Велигден го празнуваат според јулијанскиот календар („стар календар“), освен на неколку места каде што се почитува грегоријанскиот („нов календар“).[3]

Специфичност на обичајот[уреди | уреди извор]

Специфичноста на обичајот се состои во посебен обред на осветување на храната во црквата на Велигден, како и самата подготовка на храна во домаќинството. Боење и украсување на јајца се изведува на Велики петок. Во Шид и околните места е сочувана е батик техниката на боење на јајца. Со таа техника јајцата прво се шараат со восок, а потоа се бојадисуваат.[1]

Трпеза[уреди | уреди извор]

Покрај обоени и шарени јајца, се подготвува и „сирец“ - обредно јадење од јајца и млеко, односно домашно бело сирење. Тука се и „паска“ - обреден велигденскаи колач, шунка, колбаси, млад кромид, сол и друго. Храната се става во плетена корпа и се покрива со украсена салфетка која се користи само за оваа пригода.

Обред[уреди | уреди извор]

Обредот на осветување на храната се врши во црквата или во портата на црквата, по што се пристапува кон дарувањето и размената на јајца, а верниците се поздравуваат со „Христос воскресе“. После тоа, осветената храна се јаде на празнична трпеза во куќите.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „„Ускршњи обичаји - освећивање паске / пошвецаня паски (русин.) / посвячення паски; посвячення великоднього кошика (укр.)". Нематеријално културно наслеђе Србије. Посетено на 8. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Уписи у Национални регистар НКН-а“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Посетено на 8. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 „Etnografski muzej u Beogradu“. gluseum. Посетено на 8. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]