Ван Аленов појас
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ван Аленовиот радијациски појас е торус од енергетски наполнети честички (плазма) околу Земјата, задржан од страна на земјиното магнетно поле. Оваа поле не е униформно распределено околу Земјата. На сончевата страна, тоа е стеснето поради соларните ветрови, додека од другата страна е издолжено до околу три земјини радиуси. Ова предизвикува појавување на т.н. Чапман-Фераро јама, во која лежи Ван Аленовиот појас. Тој е поделен на два различни појаси; надворешниот појас е формиран од електрони, додека внатрешниот е формиран од комбинација на протони и електрони. Исто така, појасите содржат помали количества на други нуклеони, како на пр. алфа честички. Ван Аленовите појаси се тесно поврзани со поларната аурора, кога честичките влегуваат во горната атмосфера и стануваат флуоресцентни.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
