Бушава азбука (телевизиска серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бушава азбука
Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Петричиќ
Жанркомедија
Развиена одГоран Стефановски
Режирана одСлободан Унковски
Улоги
Ненад Стојановски
Јовица Михајловски
Гоце Тодоровски
Петре Арсовски
Раде Рогожаров
Драган Спасов - Дац
Марин Бабиќ
Мими Таневска
Кирил Ристоски
Соња Костовска
Ана Костовска
Синоличка Трпкова
Земја на потеклоСР Македонија, СФРЈ
Првичен јазикмакедонски
Бр. на епизоди31
Продукциска куќаРТВ Скопје

„Бушава азбука“ — македонска детска телевизиска серија наменета за изучување на македонската книжевност, култура, традиција преку музиката, илустрациите и глумечката игра. Таа се смета за најуспешниот производ на МРТ.[1]

Прикажување[уреди | уреди извор]

Серијата е снимена во 1985 година од Македонската радио-телевизија во режија на Слободан Унковски. Автор на сценариото е Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и од српскиот илустратор Душан Петричиќ.[2] Серијата има вкупно 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, а секоја епизода трае половина час.

Во 2019 година била објавена дигитализирана верзија на книгата, изработена од македонскиот дизајнер и софтверски инженер Гоце Митевски.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Унковски и Стефановски работат на втор дел од култната ТВ-серија „Бушава азбука". Сакам Да Кажам. 4 јуни 2018. Посетено на 13 март 2020.
  2. 2,0 2,1 „Гоце Митевски: Ја дигитализирав „Бушава азбука" во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ“. Кајгана. 8 јуни 2019. Посетено на 13 март 2020.[мртва врска]
  3. „Дизајнерот Гоце Митевски ја дигитализираше книгата „Бушава азбука". it.mk. 10 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 14 март 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]