Будимка Поповска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Будимка Поповска — македонска писателка, поетеса и сликарка.

Творештво[уреди | уреди извор]

Поповска е авторка на следниве дела: „Врата“ (графичка поезија, 1994), „Полигони“ (раскази, 2007), „Друга визура“ (есеи, 2008), „Невидливи вежби“ (поезија во проза, 2011), „Куќа на Марс“ (поезија, 2019), „Ботичелиев каталог“ (есеи и фотографии, 2019). Во 2021 година, „Полигони“ и „Невидливи вежби“ биле објавени на хрватски јазик. Како членка на групата „Абау а ку“, во 1991 година, во МКЦ ја поставила групната изложба „Млечен пат“, а во истиот изложбен простор, во 2019 година ја одржала самостојната изложба „Фантомима“.[1] Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 360.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 181-185.