Браунсвил, Бруклин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Браунсвил е станбена населба лоцирана во источен Бруклин, Њујорк.[1]

Вкупната површина е еден квадратен километар, а ЗИП кодот за населбата е 11212. Браунсвил граничи со Источната Њујоршка Авенија на север (на Бедфорд – Стајвесан границата), Источна 98ма Улица на запад (Источен Флетбуш) и товарната железница Беј Рич Бренч од патот Лонг Ајленд Реил на југ (во непосредна близина на населбата Канарзи) и на исток Источен Њујорк).

Во областа патролира 73тата Административна единица, лоцирана на 1470 Источната Њујоршка Авенија. Имотот на Органи во Њујорк за Градско Домување (ОЊГД) во областа е патролиран од П.С.А. 2. Тој е дел од Бруклинскиот Општински Одбор 16.

Семјуел Ј. Тилден Згради. Една од многуте згради со развиени социјални станови лоцирани во Браунсвил

Демографија[уреди]

Во 2008 год., населението во Браунсвил броеше 116,579 жители, а демографијата 77.1% Црнци или Афро-американци, 18.8% Шпанци или Латино, 5.4% Белци, 1.9% Азијати/ од островите на Пацификот и 8.2% се изјасниле од друг вид. 31.7% од населението имаат завршено средно училиште а 9.2% се дипломци или нешто повеќе. Почнувајќи од 2008 год., просечниот приход на едно домаќинство е 17,967$. Во Браунсвил има вкупно 28, 298 станбени единици.

Користење на земјиштето[уреди]

Во Браунсвил се најзастапени развиените социјални станови од различни видови. Има значајна концентрација на повеќе полуодвоени куќи во ред слични на оние во Источен Њујорк и Саундвју во околината на социјалните станови. Многу од нив се срушени и заменети со слободни места или повеќе ново конструирани субвенционирани куќи во ред. Во оваа област има и мал број на станбени згради. Населбата ја има највисоката концентрација на развој на ОЊГД во градот Њујорк.

Локации на социјални станови со ниски приходи[уреди]

Има развој на 18 ОЊГД лоцирани во Браунсвил.

1. 104-14 Тепскот Стрит; една четирикатна зграда. 2. Браунсвил Згради; 27 згради, високи 6 и 7 ката. 3. Гленмор Плаза; четири згради, високи 10, 18 и 24 ката. 4. Хауард Авенија; пет згради; пет згради, високи 3 ката. 5. Хауард Авенија – Парк Место; осум згради, високи 3 ката. 6. Хауард Згради; десет згради, високи 7 и 13 ката. 7. Хјуз Апартмани; три, зграда на 22 ката. 8. Маркус Гарви (Група А); три згради, високи 6 и 14 ката. 9. Проспект Плаза Згради; три празни згради на 12 ката се во фаза на реновирање. (навистина во делот Оушн Хил од Бруклинскиот Општински Одбор 16) 10. Ралф Авенија Рихеб; пет, згради на 4 ката. 11. Реверенд Рандолф Браун; две, згради на 6 ката. 12. Сетлоу Згради; четири згради, високи 17 и 18 ката. 13. Сутер Авенија – Унија Стрит; три реновирани станбени згради, високи 4 и 6 ката. 14. Тепскот Стрит Рихеб; осум, реновирани станбени згради на 4 ката. 15. Тилден Згради; осум, згради на 16 ката. 16. Ван Дук I; 22 згради, високи 3 и 14 ката. 17. Ван Дук II; една, зграда на 14 ката. 18. Вудсон Згради; две згради, високи 10 и 25 ката.


Маркус Гарви Згради

Историја[уреди]

Театар Лус Питкин

Браунсвил е еврејски и политички радикален од 1880тите до 1950тите, во текот на 1920тите и 1930тите, ги избра кандидатите на Социјалистичката и Американската Партија на Трудот на државното собрание.

Уште како во 1910 год., областа се стекна со репутација на маѓепсан сиромашен кварт и плодно тло за криминал. Позната е во текот на годините по нејзините криминални банди, а во 30тите и 40тите се стекна со озлогласеност за родно место на Murder, Inc. Браунсвил беше претежно еврејска населба, сè до 1960тите, кога населението стана во голема мера црно и стапката на невработеност беше 17 проценти. Половина од семејствата во областа живееја со помалку од 5,000$ годишно. Како што Џими Бреслин напиша во 1968 год., Браунсвил го потсетувал на Берлин после Втората Светска Војна; блок по блок од изгорени фасади на куќи, улиците оптеретени со купишта распаднати автомобили. Продавниците на авениите се празни, а улиците се наредени со напуштени станови или згради кои имаат празни станови на секој спрат.

Во септември 1967 год., се случија немири по смртта на 14 годишен црн тинејџер кој беше убиен од црн полицаец, откако се обидел да ограби 73 годишен Евреј. Немирите беа подгреани од бруклинскиот активист Сони Карсон кој ширел лажни гласини дека бел полицаец го убил детето без причина и беше само задушен откако бруклинскиот командант од северната област, Лојд Сили распореди одред од 150 црни полицајци на немирите да се спречат понатамошни грабежи. Одговорниот офицер подоцна беше ослободен, откако поротата одби да го обвини.

Во 1968 год., Браунсвил беше околината каде што се случуваше долготрајниот и спорен штрајк на наставници. Одборот за Образование експериментираше со тоа што им даваше на луѓето од населбата контрола врз училиштето. Новата администрација отпушти неколку наставници кршејќи ги правилата на унијата на договор. Сите наставници беа бели и во најголем број Евреи, и како резултат на штрајкот се подели целиот град. Штрајкот потраја половина година, и стана познат како едена од “Десетте Епидемии” на Џон Линдзи.

Уметност и Архитектура[уреди]

Зион Триаголник Браунсвил Спомен Скулптура од војната

Социјални проблеми[уреди]

Областа со децении се соочува со многу социјални проблеми поврзани со сиромаштија, од криминал до зависност од дрога. И покрај намалувањето на криминалот во споредба со нивниот врв за време на епидемијата од крек и хероин, насилниот криминал продолжува да биде сериозен проблем на општината. Браунсвил има значително повисока стапка на напуштање и инциденти на насилство во своите училишта. Учениците мораат да поминат преку детектори за метал и да покажат лични карти при влез во зградите, сепак, повеќето јавни средни училишта во Њујорк го имаат усвоено овој пристап без оглед на локацијата. Другите проблеми во локалните училишта ги вклучуваат ниските резултати на тестовите и високата стапка на бегање од часови.

Во 2003 год., Медицинскиот Корпус на Армијата на САД основа програма за обука во соба за итни случаи, којашто прими преку 600 случаи годишно на жртви од прободување и прострелни рани. “Програмата, наречена Академија на Напредна Борба Против Медицината, започна во Кингс Кантри Осмата Медицинска Бригада, базирана во Форт Вацворт на Стејтен Ајленд, реши да ги тренира своите резервисти во зафатени цивилни соби за итни случаи.”

Урбано обновување[уреди]

Откако бранот на подметнати пожари во текот на 1970тите ги опустоши општините со ниски приходи во градот Њујорк, повеќето, ако не и најголем дел од станбените објекти во Браунсвил беа сериозно оштетени или уништени. Градот започна да реновира многу формално напуштени згради во стил на станбени згради и им одреди ниски приходи за домување почнувајќи во доцните 1970ти. Повеќето субвенционирани градски куќи и ново конструирани згради се изградени или се градат на слободни места преку населбата.

До неодамна Браунсвил беше единствената училишна област во Бруклин без средно училиште. Сега се три, две се сместени во иста зграда во 226 Св. Бристолска Подготвка за Наставници отворена во септември 2001 год., и ФДА VII отворена во септември 2004 год. Училиштето за Подготовка на Наставници одслужува од 6то па сè до 12то одделение, и добива оценка “А” и за основно и за средно училиште на картите за извештај за 2008 год. има и трансфер училиште Браунсвил Академија, коешто е Диплома Плус трансфер училиште. Се здоби со Добро Развиени резултати за својот преглед на квалитет од 2008 – 2009. Доби и оценка Б на картата за извештај од 2007 – 2008.

Превоз[уреди]

Главна улица во Браунсвил е Питкин Авенија. Има пристап и од метро системот на Њујорк преку возовите 3 и Л.

Значајни жители[уреди]

Егала, рапер, продуцент • Илејн Дел Вал, актерка • Ралф Бакши, режисер • Даниел Бензали, Златен – Глобус номиниран актер и некогашен свршеник на Ким КатралРидик Боу, боксер • Шенон Брикс, боксер • Бакшот, рапер • Ендру Дајс Клеј, комедијант • Арон Копланд, композитор • Бами Дејвис, боксер • Макс Флајшер, аниматор • Ворлд Б. Фри, поранешен НБА играч • Нелсон Џорџ, автор • Сид Гордон, 2 пати Ол Стар безбол играч • ГЗА, рапер, основачки член на хип хоп групата Ву-Танг Клан • Хелта Скелта, хип хоп дуо, дел од Бут Камп Клик • Ред Холцман, Хол оф Фејм НБА 2 пати Ол Стар и тренер • Мо, Карли и Шемп Хоард браќа и три члена од Д Три СтуџизДаниел Џејкобс (боксер)Зеб Џуда, боксер • Алфред Кацин, писател и литературен критичар. • Брус Пастернек, Бизнис Автор, Поранешен ЦЕО на Специјалната Олимпијада, сегашен член на одбор на бројни организации. • Кила Прист, рапер • Лери Кинг, телевизиски и радио водител • Места Ејс, легендарен член на Џус Кру, потекнува од зградите Хоард • М.О.П, хип хоп група од Проспект Плаза. • Еди Мустафа Мухамед, поранешен боксер • Ориџино Ган Клепаз, хип хоп група, дел од Бут Камп Клик • Норман Подхорец, писател и неоконзервативен политички теоретичар • Вили Рандолф, поранешен безбол играч, менаџер и сегашен тренер на Милвоки БруерсРЗА, рапер, продуцент, основачки член на хип хоп групата Ву-Танг Клан • Сајгон, рапер • Фил Селерс, поранешен НБА играч • Ол ШарптонСмут Да Хаслер, рапер • БернНадет Станис, актерка • Стил, една половина од хип хоп дуото Смиф-ен-Весон, член на Бут Камп Клик • Мајк Тајсон израснат на Ембој Стрит • Двејн “Прл” Вашингтон, поранешен професионален кошаркар • Џемс “Флај” Вилијамс, поранешен НБА играч • Отис ВилсонТери Винтер, уметник • Бут Камп Клик – неколку членови потекнуваат од Сед Лоу и зградите Браунсвил

Наводи[уреди]

  1. „Brownsville Long Island New York“. Longislandexchange.com. 22 декември 2006. http://www.longislandexchange.com/brooklynqueens/brownsville.html. конс. 24 јануари 2011.