Бравида Арена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бравида Арена

Локација: Гетеборг, Шведска.

Стопанисува: Гол Евент.

Капацитет: 6.300 гледачи.

Свечено отворање: јуни 2015 година.

Вредност: 181.000.000 Шведски круни.

Конструкција: Бра Биг корпорација.

Корисници: Фудбалски клубови БК Хакен (од 2015) и БК Хакен ФФ (од 2021) и Фудбалска Федерација на Шведска.

Сопственици: Фудбалски клуб Хакен и град Гетеборг.

Историја[уреди | уреди извор]

За нов стадион во областа Хисинген се разговарало со години пред да се објави дека БК Хакен и општина Гетеборг се договориле. Една од причините за изградба на нов стадион се критериумите за новиот стадион од Шведската фудбалска асоцијација кои стапиле на сила во 2014 година. Новиот стадион се гради на истото место како и претходниот стадион на Хакен Рамбергсвален кој го заменил. BK Хакен ги имал правата за именување на стадионот и најавил дека најверојатно ќе ги продадат на надворешен спонзор. На 21 јануари 2015 година било објавено дека името на стадионот ќе биде Бравида Арена.