Бојко Усов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојко Усов
Роден 1918 година
Кучевиште, Скопје, Македонија
Починал јуни/јули, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец

Бојко Стоилков Усов ( 1918 во Кучевиште, Скопско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Oсновно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, речиси веднаш стапил во нејзините редови. Учествувал во тешките борби против балистите, кои вршеле грабежи и злосторства по селата на Скопска Црна Гора. Потоа се борел против моторизираните германски колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија, учествувал во ликвидирањето на балистичките банди на Косово. Во составот на Петнаесеттиот македонски корпус учествувал во ликвидирањето на германските трупи во Срем. Во борбите кај Банова Јаруга бил тешко ранет, на 20 јуни 1945 година. Се лечел во партизанските болници, каде и починал. Бил закопан во Славонска Пожега.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 154. На |first= му недостасува |last= (help)