Бошко Ников

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бошко Ников
Роден 1946
Кратово, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање инженер

Бошко Ников (роден во 1946 година во Кратово) — македонски инженер металург и стручњак за заштита на животната средина.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бошко Ников се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980), а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1995). Кратко работел на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, а потоа во МХК „Злетово“ во Велес, а бил и директор на сектор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ников“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1048. Text "series " ignored (help)