Бона Деја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мермерна статуа на Бона Деjа со епиграф; „Ex visu iussu Bonae Deae sacr(um) Callistus Rufinae N(ostrae) Act(or)“ (Посветено на Бона Дејаод Калист, роб на Руфина) CIL. XIV 2251. Антонијан, Агер Албанус, Италија[1]

Во римската митологија, Бона Деја („добрата божица“) била божица на плодноста, лекувањето, девственоста и жените. Таа била ќерка на Фаун и понекогаш била нарекувана Фауна.

Храмт на Бона Деја во Рим стоел на Авентинскиот Рид. На 4 декември, во куќата на некој познат магистрат биле вршени тајни обреди во нејзина чест. Ова било сосема женско случување; дури и слики од мажи и машки животни биле забранети, заедно со зборовите „вино“ и мирта заради тоа што Бона Деја еднаш била истепана од нејзиниот татко со миртов стап зошто била пијана.

Нејзиниот јавен фестивал бил на 1 мај. Учеството на мажи било забрането.

Болните биле негувани во градините на нејзините храмови, каде свештеничките одгледувале лековити билки.

Таа исто така била поврзувана со рогот на изобилството, змиите и монетите. Нејзиниот лик често бил ставан на монети.

Податотека:Bona dea.jpg
Бона Деја

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brouwer 1989, p.293, Inscript. 8