Богдан Кметовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Богдан Филип Кметовски ( 1922 во Побожје, Скопско1945 во Побожје, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во своето родно село, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил од самото нејзино формирање. Се борел против балистите на Скопска Црна Гора, а учествувал и во ослободувањето на Скопје. Бил ранет во последната борба против балистите во Шишево и пренесен во Скопската болница на лекување, од каде бил пуштен на домашно лекување. Од последиците на раните, починал во почетокот на 1945 година. Бил закопан на гробиштата во Побожје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 203. На |first= му недостасува |last= (help)